Лани имало повеќе склучени, но и разведени бракови

Во 2021 година се склучени 13.337 бракови и во споредба со лани нивниот број е зголемен за 29.8 %, покажуваат податоците на Државниот завод за статистика.

Најмногу бракови, 1 981 или 14.9 %, се склучени во месец август, а најмалку во месец април, 667 или 5.1 %.

Најчесто е стапувањето во прв брак со учество од 94.0 % за жените и 93.3 % за мажите.

Во втор брак со учество од 6.2 % и во трет брак со учество од 0.6 %, во вкупниот број склучени бракови, почесто стапуваат мажите.

Во 2021 година, најголем број бракови биле склучени во старосната група од 25 до 29 години, односно 4.392 или 32.9 %  кај жените и 4.959 бракови или 37.2 % кај мажите.

Просечната возраст при склучување прв брак е 27.0 години за невестата и 29.8 години за младоженецот.

Во 2021 година се случиле 1.964 разводи, што претставува зголемување од 25.2 % во споредба со 2020 година. Во текот на годината, најмалку бракови, 70 или 3.6 %, се разведени во месец август, а најмногу, 202 или 10.3 %, во месец декември.

Според возраста, најголем број разводи се случиле во старосната група од 35 до 39 години, и тоа 364 или 18.5 % кај жените и 365 или 18.6 % кај мажите.

Според траењето на бракот, најмногу разводи, 451 или 23.0 %, се случиле од 5 до 9 години по склучувањето на бракот.

Тагови
реклама

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе