Лејкерс се подготвуваат за иднината со Леброн Џејмс

Леброн треба да одбере: Млади таленти или искусни ветерани?

Имавме неколку дена да се навикнеме на реалноста во која најдобриот кошаркар во светот е играч на најпопуларниот клуб во светот. Сега, кога сечиј мозок размислува побистро, време е да ја отвориме темата околу иднината на Лос Анџелес Лејкерс со Леброн Џејмс.

Ако нешто научивме во изминатите неколку години е тоа дека Џејмс не сака да игра со млади и надежни играчи кои ќе ги чека да се развијат и да станат врвни играчи кои ќе му помогнат да освојува титули. Тој веќе има 33 години и нема веќе време за чекање на било кој играч, па затоа многу е веројатно дека Лејкерс ќе се свртат кон трејд на младите играчи за некои поискусни ѕвезди од лигата.

Сепак, сите работи почнуваат од одлуката на Леброн Џејмс. Точно е дека Меџик Џонсон и Лос Анџелес Лејкерс се на чело на сите одлуки, но тие не го потпишаа Леброн за да одат спротивно на неговата волја, па затоа скоро сигурно тој ќе биде консултиран за секоја понатамошна аквизиција.

Стивенсон, Рондо и Мекги не се вистинското решение

Тројцата играчи кои се приклучија во составот на Лејкерс по Леброн Џејмс се Ражон Рондо, Ленс Стивенсон и Џавел Мекги. Секој од нив е ветеран со значително искуство во плејоф натпреварите, но тие не се ни приближно толку добри за да го засилат тимот од Лос Анџелес до тој степен што ќе го направат посилен (или барем еднаков) од оној на Голден Стејт Вориорс.

Стивенсон и Рондо дојдоа во тимот како помошни плејмејкери кои би требало да ја олеснат работата на Леброн во плејмејкерските задачи. И двајцата се играчи кои знаат да раководат со напаѓачките задачи додека топката е во нивен посед, па тоа ќе му даде одмор на Џејмс за да не мора да ја води топката во секој можен напад, како што го правеше тоа минатата сезона во Кавалирс. А пак Џавел Мекги е центар со веќе два шампионски прстени зад неговото име кој не работи многу за неговите поени. Тој е донесен во тимот за да биде заштитник на обрачот, како и цел на цепелините кои можат да му ги дадат Рондо и Џејмс. Но, овие тројца ни оддалеку не се идеалните соиграчи на Леброн Џејмс. Доколку Лејкерс сакаат успех, мора да потпишат некоја ѕвезда.

Ленард? Лилард? Дероузен? Кој е следен?

Шпекулациите од последните неколку месеци велат дека Кавај Ленард е главната цел на Лос Анџелес Лејкерс, но играчот има уште една година од договорот со Сан Антонио Спарс и затоа неговиот премин во Лејкерс не е толку едноставен. За да се случи трејд, Спарс бараат пакет составен од Кајл Кузма, Брендон Инграм, Џош Харт и барем два пика од прва рунда на идните драфтови, но мали се шансите дека Лејкерс ќе решат да го повлечат овој потег, посебно ако се знае дека Ленард изјави дека е решен да потпише со тимот од Лос Анџелес следното лето.

Помеѓу останатите играчи за кои се слушаат гласини се наоѓаат имињата на неколку докажани Ол Стар играчи. Еден од нив е Демијан Лилард, кој по одличната регуларна сезона лани изгуби уште во првото коло од плејофот од аутсајдерот (до пред да почне плејофот) Њу Орлеанс Пеликанс. Вредноста на Лилард за Портланд е голема, но пакетот за негов трејд е сигурно помал отколку оној за трејдот на Ленард. Од другите имиња кои се споменуваат ќе ги издвоиме уште и Демар Дероузен, Бредли Бил и Џон Вол, а по последните негодувања на Џими Батлер во Минесота, може да се очекува активност на пазарот и за него.

Што е со младите сили?

Лејкерси во последните неколку години постојано бираа многу високо на драфтот. Од Дианџело Расел, Џулиус Рендл и Брендон Инграм преку Кајл Кузма и Лонзо Бол, тие направија состав полн со млади играчи чиј талент се чинеше дека ќе ги врати Лејкерс на победничките патеки. Наместо тоа, Расел се покажа како лош соиграч, Рендл пропушти цела сезона поради повреда, Инграм и понатаму изгледа како процес кој ќе потрае иако наредната сезона ќе биде негова трета во НБА лигата а Лонзо Бол е Лонзо Бол – млад играч чиј талент за кошарка е несомнен, но не може да остане доволно здрав за да може со сигурност да се смета на него. Згора на тоа, неговиот татко Лавар Бол е најгласниот човек во публиката и постојано е извор на контроверзни изјави и испади, па затоа е дискутабилно дали Леброн Џејмс би сакал да е во близина на фамилијата Бол. Американските медиуми многу често пишуваат дека Рондо е доведен токму поради тоа – за да си замине Лонзо Бол, но дали Лејкерс се подготвени да се откажат од нивниот 20-годишен плејмејкер и да го заменат со 32-годишниот Рондо кој многу често знае да исчезне додека не почне плејофот?

Ако Лејкерс се решат да се откажат од Брендон Инграм, Кајл Кузма, Лонзо Бол и Џош Харт за да донесат еден или двајца врвни кошаркари, дали тоа им гарантира титула? Веројатно не, бидејќи никој не може да гарантира титула, но ќе ги стави во позиција да победуваат – нешто што во моментов овие играчи не се подготвени да го направат.

Засега Леброн Џејмс е трпелив. Вчера изворите од НБА лигата известуваа дека тој не брза никаде и дека следната сезона не е одлучувачка, па затоа не инсистира на донесување нова ѕвезда во тимот. Но, како што рековме и претходно, неговото време полека истекува и затоа Лејкерс мораат да го искористат овој период од 3-4 години за да направат тим околу Леброн кој ќе биде опремен за да го победи составот на Голден Стејт Вориорс.

Во професионалниот спорт постојат многу мал број гаранции, но една од нив во секој случај е тоа дека Леброн Џејмс ќе биде одличен на теренот. Сега останува на Меџик Џонсон, Роб Пелинка и организацијата на Лејкерс да направат сѐ што е во нивна моќ за да му дадат поголема шанса на Леброн Џејмс да победува.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе