Легендарното Toblerone ќе мора да го тргне планинскиот врв од логото

Сликата на врвот Матерхорн повеќе нема да ја има на чоколадите Toblerone поради новите строги швајцарски закони.

Препознатливата триаголна швајцарска чоколада Тоблероне го губи имиџот на планината Матерхорн од своето брендирање бидејќи производството наскоро веќе нема да се базира исклучиво во Швајцарија. Наместо тоа, новата обвивка ќе има генерички планински дизајн, откри американскиот сопственик, брендот за слатки Mondelēz.

Компанијата претходно одлучи од крајот ан 2023 година да префрли некои од погоните за производтсво на Toblerone во словачкиот главен град Братислава. Таму веќе се призведува брендот чоколади Milka.

„Редизајнот на пакувањето воведува модернизирано и рационализирано планинско лого кое се усогласува со геометриската и триаголната естетика“, изјави портпаролот на Mondelēz за швајцарскиот весник Aargauer Zeitung. Ознаката „Toblerone – of Switzerland“ (Тоблероне – од Швајцарија) ќе биде заменета со „Established in Switzerland“ (Основана во Швајцарија), изјави портпаролот. На новата обвивка, наводно, ќе стои и потписот на нејзиниот основач, Теодор Тоблер.

Според Swissness законодавството воведено од Швајцарија во 2017 година, млекото и производите на база на млеко треба целосно да се произведуваат во земјата за во нивниот маркетинг да се користат националните симболи. Исклучок е за какаото бидејќи не може да се набави локално. За другите прехранбени производи да се продаваат како „made in Switzerland“ (произведено во Швајцарија), 80% од суровините мора да бидат набавени од земјата и поголемиот дел од преработката мора да се одвива таму.

Чоколадото Toblerone, кое се состои од нугат, бадеми и мед, се произведува во швајцарската престолнина Берн, позната и како Град на мечките, од 1908 година. Судбината на мечката што се качува на 4.478 метри високата планина Матерхорн во сегашното лого на Toblerone, останува непозната.

Mondelēz е една од ретките големи западни компании кои останаа да вршат бизнис во Русија по санкциите воведени врз оваа земја. Во Русија генерира 3,5% од годишниот приход (приближно 1 милијарда долари).

Покрај брендовите Toblerone и Milka, компанијата под закрила ги има и колачињата и крекери Oreo, Belvita, Chips Ahoy!, Ritz, TUC, Triscuit, LU, Club Social, Sour Patch Kids, Barny, Peek Freans и Tate's Bake Shop; чоколадите Côte d'Or, Cadbury, Green & Black's, Freia, Marabou, Fry's, Lacta и Alpen Gold; гимите за џвакање и бонбони Trident, Dentyne, Chiclets, Halls и Stride; како и пијалакот во прав Tang.

реклама

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Чарлс Баркли го отпиша Јокиќ

Read more

Вести

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Read more

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Read more

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Read more

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Read more
 

Гик

Климатските промени ја забавуваат ротацијата на Земјата што доведува до совршен ден

Читај повеќе

Кои карактеристики на вештачката интелигенција ги носи Apple во iOS 18?

Читај повеќе

Google значително ќе го забрза преносот на податоци помеѓу мобилните телефони

Читај повеќе
  • play_arrow

Британците за својот Challenger 3 тврдат дека е најсмртоносниот тенк на сите времиња

Читај повеќе

Kои се најпродаваните телефони во првите три месеци од 2024 година?

Читај повеќе

Одложено лансирањето на Starliner на Boeing

Читај повеќе

Веќе кружат гласини: Apple ќе го претстави iPhone 17 Slim во 2025 година

Читај повеќе

Во Чиле отворена опсерваторија на височина од 5.640 метри

Читај повеќе
  • play_arrow

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Читај повеќе