Лејди Гага го привлече вниманието на сите присутни на црвениот килим на миланската премиера на филмот „House of Gucci“, појавувајќи се во секси црвена тоалета со нагласено деколте.
35-годишната пејачка и актерка блесна во креација на Versace, направена по нејзина мера, со висок шлиц и во комбинација со златен накит.
„Направена од свилен сатен, креацијата е инспирирана од дизајн на Versace од колекцијата пролет-лето 1995“, стои Instagram профилот на модната куќа.
„Плачев цел ден работејќи со новинарите во Милано. Благодарна сум што се најдов во филмот House of Gucci“, стои во дел на објавата на пејачката.
Претходно Лејди Гага се најде на насловната страница на италијанскиот и британскиот Vogue, а во декемврискиот број на британското издание зборуваше за снимањето на филмот, како влијаело на неа.
Во House of Gucci е појавуваат Ал Пачино, Џереми Ајронс, Џаред Лето, Салма Хајек, Џек Хјустон и Рив Карни.