Лејкерс во Чикаго ја прекина „црната низа“ од пет порази

Иако сите надежи за настап во плејофот се загубени, составот на Лос Анџелес Лејкерс сепак нема целосно да се откаже од оваа сезона, барем не додека Леброн Џејмс е подготвен да игра. Синоќа тие ја прекинаа серијата од пет последователни порази со победа на гостувањето кај Чикаго Булс.

Лос Анџелес Лејкерс го порази тимот на Чикаго Булс со резултат 123:107.

Предводник во победата на Лејкерс беше Леброн Џејмс, кој натпреварот го заврши со 36 поени, 10 скока и 4 асистенции, притоа шутирајќи со 65% успешност од поле. Солидни беа и останатите играчи од стартната петорка, но разликата ја направи Кентавиус Колдвел-Поуп со неговите 24 поени од клупата.

По малку изненадувачки, најдобар стрелец во составот на Булс синоќа беше Робин Лопез, кој постигна 20 поени. Се почувствува отсуството на Зек Лавин, иако неговата замена во стартната петорка, Рајан Арчидиаконо, уфрли 14 поени и додаде 6 асистенции на неговото конто.

Останати резултати:

Индијана Пејсерс – Њујорк Никс 103:98

Филаделфија Севентисиксерс – Кливленд Кавалирс 106:99

Њу Орлеанс Пеликанс – Милвоки Бакс 113:130

Далас Маверикс – Сан Антонио Спарс 105:112

Денвер Нагетс – Минесота Тимбервулвс 133:107

Лос Анџелес Клиперс – Портланд Трејл Блејзерс 104:125

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Кошарка

Гигантите од Евролигата се против влезот на Дубаи

Read more

Сега е официјално: Јокиќ против Дончиќ за титулата МВП

Read more

Далас на Дончиќ поразен на стартот од плеј-офот, Харден и Зубац одржаа лекција по кошарка

Read more

Јокиќ против Лејкерс дојде облечен како Гру

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе