Левица: ЕУ да го осуди промовирањето здруженија кои глорифицираат нацистички соработници

Партијата Левица испрати отворено писмо со кое бара институциите на ЕУ да ги осудат дејствата на Бугарија „за промовирање и поддршка на здруженија кои глорифицираат нацистички соработници“, оценувајќи дека трендот на отворање клубови во земјава кои носат имиња на фашистички дејци со цел рехабилитација и глорификација на фашизмот и нацизмот во нивните современи облици мора да престане.

– Имајќи ги предвид резолуциите на ОН како највисок орган во светската политика кои ја осудуваат секоја форма и појава на фашизам и нацизам, како и Резолуцијата за подемот на неофашистичкото насилство во Европа донесена од страна на Европскиот парламент во 2018 година од една страна, како и молкот и изјавите на претставници на институциите на Унијата, кои во изминатиов период активно учествуваат, го набљудуваат и оценуваат односот помеѓу Република Бугарија и Република Македонија, Левица образложувајќи ги дејствијата во Македонија од бугарска страна, побара највисоките и релевантни институции на Европската Унија да го обелоденат нивниот став по ваквите случувања и јавно да ги осудат дејствата на Бугарија за промовирање и поддршка на здруженија кои глорифицираат нацистички соработници со антисемитска, фашистичка и антимакедонска идеологија во трета земја преку злоупотреба на нејзините права на вето како земја членка на ЕУ, наведува Левица во денешното соопштение.

Партијата потенцира дека решила да го испрати отвореното писмо за да ја претстави „положбата во која се наоѓаат македонскиот народ и држава“, поради „целосно отсуство на претставување на вистинската слика за тоа што земја членка на ЕУ прави во трета држава“.

Тагови
реклама

Македонија

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Read more

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Read more

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Read more

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Read more
 

Вести

Распишан конкурсот за наградата „Антево перо“ за 2024 година

Читај повеќе

Двајца Срби краделе велосипеди во општина Аеродром, полицијата ги фати

Читај повеќе

Лани во Македонија се случиле 108 несреќи при работа, а од нив 15 завршиле со фатални последици

Читај повеќе

Основците и средношколците од утре на пролетен распуст

Читај повеќе

Ковачевски: ВМРО ДПМНЕ ќе ги затвори нашите ЕУ перспективи, СДСМ останува посветена на европска Македонија

Читај повеќе

Апасиев: Под власта на учките од ДУИ, поддржани од корумпираната македонска елита, секое второ дете од Полог се раѓа во Швајцарија

Читај повеќе

Ковачки до Ахмети: Парите со кои вршиш поткуп ќе треба да ги вратиш

Читај повеќе

Ирак воведе затворска казна од 15 години за истополови врски

Читај повеќе

Промена на времето со пороен дожд и грмежи од 1 мај

Читај повеќе