Левица најави Предлог-закон за апанажа на работниците

Откако со само 16 гласови „за“ не помина нивниот Предлог-закон за укинување на апанажата на министрите, Левица најави дека ќе поднесе Предлог-закон за работниците да ги добијат истите тие права кои ги добиваат јавните функционери.

„Пратениците на Левица, како единствена автентична партија на трудот, која ги штити интересите на работниците, до Собранието на Република Македонија ќе поднесат Предлог-закон за изменување на Законот за вработување и осигурување во случај на невработеност, со кој ќе се овозможи обичниот работник да зема месечен паричен надоместок за време на привремена невработеност под еднакви услови како и т.н. апанажа, која им следува како КЛАСНА ПРИВИЛЕГИЈА на избраните и именуваните лица, т.е. на јавните функционери во државава“, објави партијата.

Тие признаваат дека ваквиот чекор е знак на револт поради неприфаќањето на нивниот Предлог-закон за укинување на апанажата.

„На ваков чекор се одлучивме предизвикани од вчерашното неподдржување од страна на пратениците на Предлог-законот, поднесен од Левица, за укинување на апанажата на функционерите. Таквото дејстување на, условно кажано, најголемите политички партии, е само продолжение на статус-квото, а против начелото на социјална правда“.

„Дополнително, тоа нивно дејстување е недржавничко и претставува доказ дека за нив правата на обичниот работник за достоинствен живот се безвредни и единствена нивна партиска заложба е директна заштита на капиталот и привилегиите на мала група неспособни функционери“.

Левица побара и поддршка од работничките синдикати за овој Предлог-закон.

„Упатуваме апел до работниците и до синдикатите, јавно и отворено да го поддржат овој наш Предлог-закон и сметаме дека неговото поднесување е во насока на доследно почитување на уставното начело на забрана на дискриминација врз основа на имотна, социјална и општествената положба“.

реклама

Македонија

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Read more

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Read more

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Read more

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Read more
 

Вести

Бонови за точење гориво, оштетени банери, поткуп и мито: Пријавени нерегуларности за време на предизборниот молк

Читај повеќе

Даштевски: Нема бојкот, сите што излегле на парламентарни, гласале и за претседател

Читај повеќе

Масивен ракетен напад врз Украина, Зеленски: Светот не смее да му даде шанса на новиот нацизам

Читај повеќе

Променливо облачно, попладне пороен дожд, грмежи и засилен ветер

Читај повеќе

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе