Левица: ОЈО и МВР јавно да соопштат до каде е постапката за хакерските напади на ДИК

Изборите одржани на 15 јули Левица ги смета за досега невиден скандал во нашата изборна историја. Вообичаените тактики како што се изборните опструкции, притисоци, предизборни вработувања, делење ваучери и милионски суми фрлени на поткупи сега беа надградени со хакерскиот напад на интернет-страната на ДИК.

По повеќе од еден месец, од ОЈО сѐ уште нема информации до каде е предистражната постапка, што воопшто не изненадува од корумпираната спрега на власта каде Јавното обвинителство единствено служи за политички прогони за неистомисленици на новиот режим отсликан во заевизмот. Новата Влада составена од амнестирани криминалци, хушкачи на меѓуетнички судири и осомничени во случаи на фамозното СЈО, за врвен државен приоритет го постави рушењето на лажно непознатиот инвеститор кај Мавровка, наместо флагрантното рушење на изборниот процес и загрозување на безбедноста по личните податоци на граѓаните во Избирачкиот список, велат од партијата.

Дури и Агенцијата за заштита на личните податоци при вонредна супервизија утврди повеќе повреди на прописите за заштита на личните податоци од страна на Државната изборна комисија, што јасно имплицира дека кај нас институционалните механизми за заштита на критичната дигитална инфраструктура се системски поткопани – со што изборниот процес и парламентарната демократија се претворени во обична фарса и заткулисен инжeнеринг.

Притоа, изјавите на Претседателот на ДИК, Оливер Дерковски, дека падот на интернет-страната немало влијание врз изборниот резултат се ноторни лаги, со оглед на скандалозното однесување во целиот процес на оваа висока државна институција, која немаше одговор ниту на прашањето за каква заштита за системот користи. Дополнително, сомневањата дека се работи за координиран напад на службите со цел манипулирање на изборните резултат ги подгрева однесувањето на МВР, кое наместо да постапи по службена должност, чекаше пријава од ДИК која пристигна дури наредниот ден.

- Бараме ОЈО и МВР јавно да соопштат до каде е постапката за очигледниот инженеринг на денот на изборите, кога за првпат откако во 2006 година ДИК беше дигитализирана, граѓаните не можеа да го следат броењето на гласовите и резултатите, што дополнително го поткопува легитимитет на новата власт чие конституирање беше проследено со низа скандалозни прекршувања на законите и Деловникот, стои во соопштението на политичката партија Левица. 

Тагови
реклама
Најубавите велигденски пораки

Најубавите велигденски пораки

Read more

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Македонија

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Read more

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Read more

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Read more

Времето денеска сончево и потопло

Read more
 

Вести

Аваја: Треба да се искористи потенцијалот на ромската заедница

Читај повеќе
  • play_arrow

Мециновиќ: На носителите на ЗНАМ на личните профили им стојат слики со Заев и Пендаровски

Читај повеќе

48 лица загинаа во страшна несреќа во Кина, Кинезите го слават херојскиот потег на камионџијата

Читај повеќе

Г.г. Стефан: Да ги зацврстиме единството и слогата, да ги надминеме разногласијата и меѓусебните поделби

Читај повеќе

Русија распиша потерница по Зеленски, се огласи Украина

Читај повеќе

НАТО започна огромни вежби, за Русија: Тоа е подготовка за војна

Читај повеќе

Православните верници го слават Велигден

Читај повеќе

Времето денеска сончево и потопло

Читај повеќе

Почувствуван земјотрес во Скопје

Читај повеќе