ФИФА СВЕТСКО ПРВЕНСТВО КАТАР 2022

Ливаковиќ: Ма каков пенал, ни збор за пенал

Хрватската единица бранеше во импресивна форма во Катар, но не успеа да ја сопре Аргентина со Меси.

Доминик Ливаковиќ се покажа како еден од најдобрите играчи вои репрезентацијата на Хрватска на Мундијалот вои Катар. Не само неговите добрани во активна игра, туку и одбраните на пеналите направија тој да отскокнува според прикажаното.

Сепак, синоќа против Аргентина не успеа да ги повтори бравурозните одбрани на пенали. Кога Лео Меси во 34. минута го изведе пеналот, биеше силно и високо, што беше неодбранливо за Ливаковиќ, иако ја погоди страната на која шутна Меси.

Токму Ливаковиќ беше и причината за ударот од белата точка откако претходно му застана на Хулиан Алварес на патот кон голот. Италијанскиот судија Доменико Орсато веднаш покажа пенал и му додели жолт картон на Хрватот, а со неговата одлука се согласија и од ВАР собата.

Remote video URL

Прекршокот, сепак, предизвика полемики кај Хрватите и сите оние кои имаа симпатии кон „Ватрените“.

„Сите видовте, што да коментирам? Ма каков пенал, ни збор за такво нешто“, кратко Ливаковиќ прокоментира на прашањето за тоа дали направил фаул за најстрога казна.

Неговата Хрватска загуби со убедливо 3:0 откако потоа Алварес постигна два гола, па сега в сабота ја чека борбата за бронзата против поразениот од вечерашното полуфинале помеѓу Франција и Мароко.

реклама

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе