Љубичиќ му одржа лекција по патриотизам на Кулушевски

Филип Здравески
/ 08.01.2023 / 13:56

Родениот Австриец одлучи дека сепак крвта не е вода и во иднина ќе се бори за место во хрватската репрезентација, иако таму многу потешко ќе дојде до минутажа.

Роберт Љубичиќ пресече - во иднина ќе настапува за Хрватска, земјата на неговите родители. Се работи за 23-годишен играч од средниот ред чија репрезентативна кариера многу потсетува на онаа на Дејан Кулушевски, само со поинаков крај. Роден во Виена, Љубичиќ фудбалски израсна во Австрија. Во 2019 Хрватите го викнаа да игра во нивните младински селекции, одигра неколку натпревари, но потоа се префрли во младинската репрезентација на Австрија. Буквално ист сличај како Кулушевски, кој, исто така фудбалски израсна во друга земја (Шведска), заигра за Македонија, а потоа се врати да игра за шведските младинци.

Сепак, кога дојде време да се одлучи за сениорската репрезентација, Љубичиќ постапи многу поинаку отколку Кулушевски. Хрватскиот Австриец ја одбра Хрватска, додека македонскиот Швеѓанец ѝ заврте грб Македонија и сега ги брани боите на Шведска.

„Не беше лесно да се донесе ваква одлука со оглед на тоа што пораснав во Австрија, каде што и фудбалски се развивав, за што Австрија, моите тренери и клубови ја имаат мојата најголема благодарност и почит. Сепак, Хрватска ми е во крвта, тоа е народот на моите родители и почувствував силна желба да ја претставувам Хрватска како моја татковина. Им благодарам на ХНС и Динамо што ме поддржаа мене и моето семејство во текот на овој процес и ќе продолжам напорно да работам за да заработам повик во една од најдобрите репрезентации во светот, што би било исполнување на фудбалскиот сон“, изјави Роберт Љубичиќ, пренесува ХНС.

Љубичиќ од лани на клупски план настапува за загрепскиот гигант Динамо. Претходно играше за виенски Рапид, како и Занкт Пелтен.

Неговата промена на спортски пасош ја потврди и ФИФА.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Што е сексомнија?

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе