Луѓето кои се опседнати со здрава храна имаат нарушување во исхраната

За повеќето луѓе консумирањето храна не е само внесување хранливи материи во организмот, туку и чин кој создава чувство на удобност. Сепак, има и такви кои од лични принципи, избегнуваат одреден вид храна.

Нивната исхрана се состои исклучиво од „здрава“ храна. Ваквите прехранбени навики се знак на орторексија, нарушување во исхраната кое се однесува на нездрава опсесија за здрава и правилна исхрана.

„Прехранбените навики на овие луѓе се компулсивни, регулирани и испланирани до последен детаљ“, вели нутриционистот Елке Биндер.

Желбата за губење или добивање на тежина не е тоа што ги мотивира. Луѓето кои системски отфрлаат храна за која веруваат дека е штетна најчесто тоа го прават за да спречат болест.

„Жените се повеќе подложни на орторексија за разлика од мажите, особено младите жени“, вели д-р Јоханес Геор Вехлер, претседател на Сојузното здружение на германски нутриционисти.

Тој вели дека улога во тоа имаат идеалите за женска убавина во модерното западно општество, а кое се пропагира на социјалните мрежи. Акцентот е поставен на витата става и цврстото тело.

Тој објаснува дека ваквите однесувања најчесто се развиваат постепено, а орторексијата може да има различни тешки последици. Иако фокусот е на одржување здрава исхрана, целосното исфрлање на некои видови храна може да ја направи исхраната небалансирана и да доведе до неухранетост.

Инаку, ова однесувања моментално формално не е препознаено како нарушувања во исхраната, експертите дискутираат дали орторексијата е клинички значајна.

Тагови
реклама

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе