Луѓето со крвна група А се посебно загрозени од COVID-19

Германски и норвешки лекари ги потврдија претпоставките на нивните кинески колеги дека крвната група има голема улога во ризикот од заразување и како ќе се развива болеста по заразувањето со новиот коронавирус.

Кинески научници на почетокот на март открија дека лицата со крвна група А имаат потешки симптоми на заболување од оние со крвна група О (нулта).

Научници од универзитети во Осло и Кил, врз основа на извршени 1.610 анализи на крвта кај лица со тежок развој на болеста, кои се наоѓаат на респиратори, докажале дека е поголема веројатноста за зараза кај луѓето со крвна група А. Инаку, анализираните примероци од крв се на лица од најпогодените области во Италија и Шпанија.

Истражувањето, предводено од норвешкиот научник Том Карисен и Германецот Андре Франке, покажува дека пациентите со крвна група А имаат двојно поголеми шанси да бидат вклучени на респираторна машина отколку лицата со крвна група О.

Утврдено е дека луѓето со крвна група О имаат поголем заштитен ефект, па поради тоа имаат и помал ризик од зараза.

Во Германија 37 отсто од населението имаат крвна група А+, 35 проценти крвна група О+, а по 6 отсто А- и О-.

– Крвната група во основа може да биде фактор ризик за заболување, истакна професорот по интерна медицина од Универзитетот Грајсвалд, Маркус Лерх, додавајќи дека крвната група треба да се земе предвид при утврдување на одредени хронични болести.

Професорката по интерна медицина на виенскиот Универзитет Ренате Хајнц, која подолг период се занимава со поврзување на крвната група и хроничните болести, наведува дека во кардиологијата е познато оти лицата со крвна група А, Б и АБ имаат поголема веројатност да заболат од коронарни болести.

– Шест отсто од срцевите заболувања можат да се поврзат со „неповолна“ крвна група, соопшти Здружението на германски кардиолози.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Здравје

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Read more
 

Магазин

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Читај повеќе
  • play_arrow

Скептични сте за одење во Источна Европа? Ја имаме најдобрата туристичка реклама

Читај повеќе

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Читај повеќе

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Читај повеќе
  • play_arrow

Велигденска гозба: Како да направите сочно печено јагнешко?

Читај повеќе

Синдром на немирни нозе: Кои се знаците по кои се препознава?

Читај повеќе

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе