Фудбалерот на Лацио ги крена страстите во Рим откако објави дека сака да го раскине договорот.
По победата на Лацио над Салернитана, Луис Алберто јавно објави дека наредната сезона не сака да го носи дресот на овој тим.
„Имав неколку тешки недели зад мене поради сѐ што се случи. Што планирам? Не знам, но знам дека ова е мојата последна сезона овде, не сакам повеќе да бидам дел од Лацио. Не сакам повеќе ниту едно евро од Лацио и веќе побарав да го раскинам договорот. Сакам парите од преостанатите четири години од договорот да одат за други играчи. Дојде моментот кога треба да заминам од клубот кој ми даде толку многу“, изјави Шпанецот кој синоќа ја носеше капитенската лента.
Луис Алберто веќе некое време е во немилост, а немаше добри односи со Маурицио Сари кој јавно кажа дека тој и Сергеј Милинковиќ-Савиќ не можат да играат заедно во формација 4-3-3.
Сезонава одигра 39 натпревари на кои постигна 4 гола и забележа 8 асистенции.
Многумина заборавија дека дојде од Ливерпул, во 2016 година, а за Лацио одигра дури 302 натпревара, постигна 51 гол и забележа 76 асистенции.
Луис Алберто има понуди од Шпанија и очигледно сака да се врати во татковината.
За репрезентацијата на Шпанија има само еден настап во 2017 година.