Лукаку го однесе целиот тим на суши

Белгиецот синоќа ги собрал сите соиграчи и ги однел во јапонски ресторан за да им се заблагодари за тоа како го прифатиле во тимот.

Се чини Денот на благодарноста во Интер стигна порано. Благодарение на Ромелу Лукаку кој средата вечер им ја посвети на неговите нови соиграчи, собирајќи ги во елитен јапонски ресторан во Милано на позната улица Семпјоне.

Нормално, сметката на крајот ја платил Белгиецот.

Дел од амбиентот преку стори на Instagram сподели Антонио Кандрева, а во две видеа се гледа како Лукаку држи говор и им се заблагодарува на соиграчите.

„Фала ви на сите што сте тука. Многу сум среќен што сум со вас. Ви благодарам за помошта што ми ја пружате, оваа група е посебна“, рече Белгиецот на малку смешен италијански што предизвика и смеа помеѓу присутните.

Не е првпат играчите на Интер заеднички да отидат на вечера. Тоа го прават често уште генерации наназад. Но, за новакот Лукаку ова е прво вакво искуство.

Лукаку завчера против Бреша го постигна својот гол број 7 во дресот на Интер каде дојде на почетокот од август за 65 милиони евра од редовите на Манчестер Јунајтед.

Двете видеа можете да ги погледнете на Instagram профилот на Кандрева доколку кликнете тука. Но, побрзајте, ставени се синоќа и како и секои стори, нема вечно да траат.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе