Лукаку купи креветиште, го реметат на Insta

Својот нов стан во Милано напаѓачот го опреми со огромен кревет што наиде на еден куп смешни коментари на негова сметка.

Ромелу Лукаку е голем човек. Со висина од 191 сантиметар и тежина од 93 килограми тој е вистински колос на зелениот терени на кого очигледно му треба, така, прилично поголем кревет.

Новиот стан во Милано го опремил со кревет по нарачка со енормни димензии и се пофали на својот Instagram профил. Дури и колосот Лукаку изгледа џуџесто во ова креветиште.

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

New appartement New bed Thank you @mareeofficial

A post shared by Romelu Lukaku (@romelulukaku) on

Оваа негова иновација наиде на еден куп коментари со кои го зафркаваат Белгиецот.

„Целиот тим може да го собере на креветов“.

„Кое е она мало човече во кралскиов кревет?“

„Дали креветот е за 15 луѓе?“, му напиша соиграчот Андреа Ранокија.

„Треба такси за да се стигне до другата страна на креветот“.

„Не е некако мал за твојата трета нога?“

„Брат, ти по колку женски носиш дома?“

„Креветов е поголем од мојот стан“.

„Ќе ти требаат 20 минути за да станеш од кревет“.

„Креветов е таман за 7 како Ванда Нара“.

„Немој да се загубиш во креветов“, му порача неговиот агент Федерико Пасторело.

„Крив е Конте што бараше тимот да биде заедно и вон теренот“.

„Биг Ром, па каде се девојките?“

„Ова не е кревет, ова е плоштад!“

„Собира едно 5-6 слонови“.

„Разбирам дека ти е голем, ама сега го претера“.

„Можеш да спиеш и вертикално и хоризонтално, нема разлика“.

„Има место за цел тим, стручниот штаб, Конте, па дури и за Видал и Модриќ“.

„Немаа поголем?“

„Чекај ме, доаѓам!“, му порача една навивачка.

реклама

Фудбал

Парма се врати во Серија А

Read more

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Read more

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Read more

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Read more
 

Спорт

  • play_arrow

Дончиќ повреден го предводеше Далас до голема победа, по мечот едвај одеше

Читај повеќе

Парма се врати во Серија А

Читај повеќе
  • play_arrow

Мадрид ќе добие нов шампион – Рубљов го победи Алкарас

Читај повеќе

Финалето во Лига Европа во 2028 во Белград – Србија со Албанија сака да биде домаќин на У21 ЕУРО

Читај повеќе

Штербик имал срцев удар

Читај повеќе

Модриќ го урна рекордот на Пушкаш стар 60 години

Читај повеќе
  • play_arrow

76ерс со чудесен пресврт избегнаа испаѓање, надежта ја продолжи и Милвоки

Читај повеќе

Премиер лигата на клубовите ќе им го ограничи трошењето

Читај повеќе

Официјални состави: Баерн - Реал Мадрид

Читај повеќе