Поп-ѕвездата Мадона (64) на крајот на минатиот месец заврши во болница поради тешка инфекција.

Минатата недела таа за прв пат по хоспитализирањето им се обрати на своите фанови со емотивна порака, а сега ги сподели и првите фотографии по излегувањето од болница.
На фотографиите објавени на Instagram таа гушка виолетова плишана играчка, а објави и фотографија како гушка букет ружи.


Да потсетиме, на крајот на јуни кралицата на поп музиката беше хоспитализирана, а наводно причината за нејзината состојба не биле напорните тренинзи и подготовки за настапи, како што информираа од тимот на Мадона.
Нејзиниот долгогодишен менаџер тогаш Гај Осири тогаш соопшти дека Мадона „развила сериозна бактериска инфекција што доведе до неколкудневна интензивна нега“. Пејачката на крај ја откажа турнејата која требаше да започне на 15 јули во Ванкувер, Канада.
Radar Online објави дека Мадона била реанимирана со инекција налоксон, која се дава кога ќе дојде до предозирање.
Сега е на домашна нега, а за нејзината состојбата зборуваше нејзината долгогодишна и блиска пријателка Рози О'Донел.
„Добро ѝ оди и се опоравува дома. Многу е силна“, напиша Рози одговарајќи на фановите.