Мадона хоспитализирана поради сериозна бактериска инфекција

Поп иконата Мадона помина неколку дена во Одделението за интензивна нега откако разви „сериозна бактериска инфекција“ во саботата, објави нејзиниот менаџер.

„Нејзиното здравје се подобрува, но сè уште е под медицинска нега“, напиша Гај Осири на социјалните мрежи. „Се очекува целосно закрепнување.“

 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 
 

A post shared by Guy Oseary (@guyoseary)

Детали за видот на инфекцијата и колку долго се очекува да трае нејзиното закрепнување не беа веднаш достапни.

Осири рече дека пејачката ќе мора да ја стопира нејзината претстојна турнеја The Celebration Tour, која требаше да започне на 15 јули со настап во Ванкувер, Канада.

Турнејата требаше да ја однесе 64-годишната Кралица на поп-музиката во градовите низ Северна Америка, Европа и Велика Британија со 84 настапи во текот на околу шест месеци. Турнејата се смета за ретроспектива на четиридецениската кариера на Мадона.

Тоа ќе биде нејзината прва турнеја по завршувањето на турнејата Madame X во 2020 година.

URL
Тагови
реклама

Кој ќе биде најдобриот месец во 2026 година за вашиот хороскопски знак?

Read more

Само тројца играчи на Реал не се збогуваа со Чаби

Read more

Аматер го победи најдобриот тенисер во светот и освои милион долари

Read more

Кина ги проби границите на фузијата: Вештачкото сонце го доближува човештвото до неисцрпна чиста енергија

Read more

Музика

Кончита Вурст се повлекува од Евровизија

Read more

Жени го обвинуваат Хулио Иглесијас за сексуален напад

Read more

Џеј Ло откри што очекува од следниот дечко

Read more

Цените за сместување за Санремо достигнуваат вртоглави суми до 15.000 евра

Read more
 

Сцена

  • play_arrow

Искрен трејлер за Freddy vs. Jason

Читај повеќе
  • play_arrow

Зои ја тргна Скарлет од врвот и стана најплатената актерка на сите времиња

Читај повеќе

Кончита Вурст се повлекува од Евровизија

Читај повеќе

Актерот Кифер Сатерленд уапсен за напад во Лос Анџелес

Читај повеќе

Жени го обвинуваат Хулио Иглесијас за сексуален напад

Читај повеќе
  • play_arrow

Потврдено: Хит серијата Adolescence на Netflix ќе има втора сезона

Читај повеќе

Топ 10 најпиратирани филмови на неделата

Читај повеќе
  • play_arrow

Прв тизер за Disclosure Day на Стивен Спилберг

Читај повеќе

Доделени Златните глобуси: Доминираа филмот One Battle After Another и серијата Adolescence

Читај повеќе