Мадуро е во очај: Нуди нафта за вакцини

Претседателот на Венецуела, Николас Мадуро, вели дека земјата е подготвена да ја трампа својата нафта за да добие вакцини откако коронавирусот зема сѐ поголем замав во оваа јужноамериканска земја.

„Венецуела има танкери со нафта и има муштерии кои сакаат да ја купат нашата нафта. Подготвени сме да трампаме нафта за вакцини, но никого нема да молиме“, вели претседателот.

Проблемот на Венецуела е што државните финансиски средства кои се наоѓаат во странските банки се замрзнати поради наметнатите интернационални санкции, па земјата нема пари за да купи големи количини на вакцини.

Венецуела има можност само да плати за оние вакцини преку КОВАКС системот кои се наменети за посиромашните земји, но и со тоа има проблем.

Минатата недела потпретседателот Делси Родригес соопшти дека 7 милијарди од државните резерви се замрзнати во странски банки. Последен обид на Венецуела беше кога се обиде да си ги поврати златните прачки вредни милијарда долари од Bank of England, но не успеа.

Периодов земјата се соочува со пик на заразата, а од почетокот на пандемијата регистрирани се 156.655 случаи од кои 1.565 луѓе починаа.

На почетокот од месецов, властите одбија да ја одобрат употребата на вакцината на AstraZeneca поради неколкуте пријави за несакани ефекти. Токму вакцини од AstraZeneca ѝ беа доделени преку КОВАКС системот, но не ѝ беа ни доставени поради долгот кој Венецуела го има кон СЗО.

Досега Венецуела ги одобрено само вакцините Спутник V и Sinopharm, а во октомври стана првата земја од Западната хемисфера која се вклучи во клиничките испитувања на руската вакцина. Кон крајот на 2020 година Каракас и Москва потпишаа договор за 10 милиони дози од Спутник V со кои Венецуела процесот на вакцинација го отпочна во февруари. Венецуела е дом на 28 и пол милиони жители.

Мадуро веќе и се вакцинираше со Спутник V.

реклама

Финансиски хороскоп до 12 мај: Враќање долгови и неочекувани трошоци

Read more

Од жица и камења сами направете убави саксии

Read more

Таjчи по 34 години го облече фустанот што го носеше на Евровизија

Read more

Похувани полнети јајца – одличен начин да ги искористите остатоците од Велигден

Read more

Свет

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Read more

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Read more

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Read more

Путин: Подготвени сме за разговор со Западот, но без ароганција и сила

Read more
 

Вести

Руски хакери ги нападнаа веб-страниците на косовските институции

Читај повеќе

Три лица се обиделе да влезат во објект каде што се чува изборен материјал, не е причинета штета

Читај повеќе

Самостојна изложба на Камуран Горанци, Код 4

Читај повеќе

Венеција за само 11 дена заработи огромна сума на пари со наплата на влезници

Читај повеќе

Хамас ќе предаде 33 заложници, некои од нив се мртви

Читај повеќе

Кривични против поранешен градоначалник на скопска општина и директорка на детска градинка

Читај повеќе

Личните документи ќе можат да се подигнат и в среда, извести МВР

Читај повеќе

На денот на изборите автобусите по неделен возен ред, жичницата нема да работи

Читај повеќе

Италијанскиот министер за одбрана: Треба да преговараме со Путин

Читај повеќе