Мафијаш уапсен по 11 години во бегство: Го издала страста за Наполи

Макфакс
/ 06.08.2023 / 11:17

Еден од најопасните италијански бегалци е фатен во Грција, откако фотографијата на која го бодри својот омилен фудбалски тим ѝ откри на полицијата каде се наоѓа. Се верува дека 60-годишниот Винченцо Ла Порта има блиски врски со организираната криминална група Камора во Неапол.

Ла Порта беше во бегство 11 години, пред да биде забележан годинава на фотографија на која се навивачите кои ја прославуваат титулата на Наполи во Грција. Она што го издаде е неговата страст за фудбалот и за Наполи, соопшти полицијата во Неапол, пренесе BBC.

Полицијата тврди дека станува збор за фотографии направени откако фудбалскиот клуб Наполи го освои италијанското првенство првпат по повеќе од три децении. „Поради освоената шампионска титула, Ла Порта не одолеа да слави“, убедени се во полицијата. Ла Порта веќе е осуден во отсуство за злосторничко здружување, даночно затајување и измама во Италија.

Полицијата конечно го уапси во петокот додека се возел со својот мопед на грчкиот остров Крф и моментално е во затвор и чека екстрадиција во Италија. Доколку биде екстрадиран во Италија, му се заканува затворска казна од 14 години и 4 месеци.

„Заснова ново семејство во Грција… Има 9-годишно синче и работи како готвач за да преживее. Боледува од срцеви заболувања. Доколку биде екстрадиран, неговото семејство ќе биде уништено“, изјави адвокатот на Ла Порта.

Властите беа немилосрдни во потерата по Ла Порта, внимателно чекајќи тој да направи погрешен потег. Полицијата конечно го забележала на фотографија пред ресторан на Крф меѓу навивачите на Наполи како носи бејзбол капа и мавта со бело-сина марама. Со мала помош од грчките колеги, тој беше уапсен во петокот.

Тагови
реклама

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Read more

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Свет

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Read more

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Read more

САД воведоа нови санкции кон Русија

Read more

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Read more
 

Вести

Макрон: Не исклучувам испраќање војска во Украина

Читај повеќе

Тело на починат маж извадено од Вардар во Велес

Читај повеќе

Избрана е новата Влада на Србија

Читај повеќе

Бајден ги нарече Индија и Јапонија „ксенофобични земји“

Читај повеќе

Кривична против двајца штипјани, истепале полицаец

Читај повеќе

САД воведоа нови санкции кон Русија

Читај повеќе

Полска и по 20 години во ЕУ не е подготвена да го воведе еврото

Читај повеќе

ПОЦ: Бесплатен паркинг во Центар за време на Велигденските празници

Читај повеќе

Левица: Државни пензионерски домови, линеарно покачување на пензиите

Читај повеќе