Мафијата во Неапол ѝ забрани на Брзата помош да користи сирени

Сирените на амбулатните возила биле лоши за бизнисот во Неапол, ги плашеле дилерите на дрога кои на секоја сирена мислеле дека е полиција.

Мафијата во италијански Неапол е во војна со Брзата помош. Мафијаши почнале да ги напаѓаат вработените во Брзата помош кои се возеле со вклучена сирена бидејќа таквата бучава е слична со полициската сирена и негативно се одразувала врз „бизнисот“ во градот.

Двајца криминалци пресретнале во заседа возач на Брза помош и му се заканиле дека ќе го убијат поради вклучената сирена. Го удирале возилото, а физички го буткале екипажот. Настанот се случил во саботата во Шпанскиот кварт на Неапол.

„Ти уште не научи дека овде не смее да се пушта сирената? Исклучи ја или ќе те пукам“, е заканата која мафијаш возејќи се на мотор ја упатил кон возач на Брза помош.

Бучавата од сирените, како и ротирачките светла, му пречеле на „бизнисот“ бидејќи дилерите на дрога, кои работат за мафијата, често помислувале дека се работи за полиција.

Сега Брзата помош во Неапол често мора да оди со полициска поддршка за не дојде до некој немил настан.

„Веќе ни е наредено да не ги употребуваме сирените и во други маала, како Санита и Трајано. Таму и локалните амбуланти пуштаат сирена само кога ќе излезат од границите на тие маала“, вели Мануел Руџиеро, 42-годишен доктор во Брзата помош.

Според информациите кои доаѓаат од Неапол, во изминатите три години имало околу 300 такви инциденти. Трпението на мафијашите дошло при крај и со пандемијата поради која имаше и зголемена фреквенција на Брза помош низ градот. Неапол располага со 17 тимови во амбулатни возила и сите пријавиле слични инциденти.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе

Ганиу до Груби: Терапијата ти ја препишува д-р Арбен, ќе ја примиш на 8 мај

Читај повеќе

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Читај повеќе
  • filter

Во прв круг за претседател е избран само Глигоров со 715.087 гласа, Силјановска и Пендаровски по вторпат во втор круг

Читај повеќе

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Читај повеќе

Лукашенко: Украина набргу ќе престане да постои ако не се согласи на преговори

Читај повеќе