Претседателот на Танзанија, Џон Магуфули, конечно призна дека во неговата земја постои проблем со COVID-19, иако со месеци тврдеше дека вирусот може да се победи со молитва.
Тој упати апел до граѓаните на Танзанија да преземат заштитни мерки, дури и да носат маски, но произведени само во Танзанија.
Магуфули претходно јавно изразуваше сомнеж во странските производите, вклучително и вакцините против COVID-19.
Генералниот директор на Светска здравствена организација, Тедрос Аданом Габрејесус, претходно го повика танзанискиот државен врв во интерес на своите граѓани да го признае постоењето на болеста.