„Мајсторот за спомени“ на репертоар во МКЦ

Александра Спасеска
/ 02.02.2022 / 15:15

На 6 и 7 февруари (недела и понеделник), со почеток од 21 часот, во МКЦ (сала Фросина) ќе се одржат две изведби на театарската претстава „Мајсторот за спомени“.

„Мајсторот за спомени“ е театарска претстава по текст и режија на Јане Спасиќ, во продукција на независното здружение Артопија.

Приказната е за успешен психотерапевт, со специфични методи на терапија, кои се состојат од менување на сеќавањата на своите пациенти, полека ги губи своите спомени. Преку неговата борба да ги зачува своите спомени, претставата ги истражува сеќавањата и нивната поврзаност со театарот и животот.

Во претставата играат: Ненад Митевски, Елена Кузманов, Мартин Јорданоски, Бојан Кирковски, Симона Спировска и Анастасија Аневска.

Сценограф е Мартин Манев, костимограф Бранкица Јордановска, дизајнер на светло Владимир Димоски, композитор Дарија Андовска, дизајнер Матеја Николиќ, а продуцент Филип Николовски.

Билетите по цена од 300 денари се достапни на билетарницата во МКЦ и онлајн преку bileti.mkc.mk.

Претставата е финансиски поддржана од Министерство за култура.

Тагови
реклама

Ископана човечка коска во дворот на Клиничкиот центар во Скопје

Read more

Заборавете на броењето чекори: Како качувањето по скали влијае на вашето тело

Read more

Зошто оревите се чуваат во замрзнувач?

Read more

Мартин Фримен проговори за секс сцената со 30 години помладата Џена Ортега

Read more

Култура

Вердиевата спектакуларна опера Трубадур на 11 мај на Мајските оперски вечери

Read more

Изложба: Четирите мајстори на модернизмот

Read more

Распишани конкурсите за државните награди „11 Oктомври“ и „22 Ноември“

Read more

По осми пат ќе се одржи Today It's All About Jazz во Скопје

Read more
 

Вести

Во Швајцарија се водат мировни преговори за Украина, Русите не доаѓаат

Читај повеќе

Вториот најголем град на Островот пропадна: Бирмингем продава сѐ што може

Читај повеќе

Екстремната десница во Австрија брутално расте, се спомнува „излегување од лудилото на ЕУ“

Читај повеќе

Договорен текстoт на резолуцијата за Сребреница

Читај повеќе

Втор свиркач на Boeing почина во период од два месеца

Читај повеќе

Пет скелети најдени под нацистичкиот бункер Волчјо дувло

Читај повеќе

Лимани: Судот ја прифати жалбата на ВРЕДИ за бугарскиот воз во Липково, се докажа изборниот инженеринг на ДУИ

Читај повеќе

Над 150 пијани возачи затекна полицијата на 1 Мај

Читај повеќе

Османи: Со Рамковниот договор неопходни се две мнозинства за формирање Влада – парламентарното од 61 + Бадентеровото

Читај повеќе