КВАЛИФИКАЦИИ ЗА УЕФА ЕУРО 2020

Македонија е во финале! Победа од 2:1 против Косово

Филип Здравески
/ 08.10.2020 / 22:42

Македонската фудбалска репрезентација успеа да се пласира во финалниот бараж за пласман на ЕУРО откако вечерва го елиминираше Косово.

Фото: Филип Здравески

Македонскиот селектор Игор Ангеловски натпреварот го почна со Димитриевски на голот, во одбраната триото Муслиу, Велковски и Бејтулаи, по крилните позиции Алиоски и Ристовски, во средината Адеми и Николов, Барди како треквартиста и во нападот капитенот Пандев и Несторовски.

Remote video URL

На почетокот се чувствуваше почетна трема кај македонските фудбалери. Косово имаше два корнера во првите десетина минути, но не успеа да го загрози голот на Димитриевски.

И покрај таквиот старт Македонија постигна гол од првиот обид. Несторовски го бараше Пандев на работ од шестнаесетникот, тој ја пропушти за Адеми кој без размислување му додаде на самиот Ристовски, кој пак упати крајно лош удар. За среќа, топката се одби од Кололи и заврши во гостинската мрежа за водство на „Рисовите“.

Во 29. минута катастрофална грешка на голманот Димитриевски и дефазивецот Велковски на работ од шестнаесетникот, кои не се разбраа убаво премногу чекајќи кој да расчисти, а на крај Велковски проба и не успеа. Топката дојде до Хадерѓонај кој со прецизен лоб удар го израмни резултатот.

Сепак, Велковски брзо се изваде за киксот. При еден слободен удар на Барди во 33. минута, Велковски скокна највисоко во косовскиот казнен простор и со глава заби во мрежата на Муриќ. Ова е прв гол за Велковски во дресот со националните бои во 22. настап.

Најсериозната шанса за израмнување гостите ја имаа во судиското надополување кога Димитриевски се изваде за грешката при првиот гол и со одлича двојна одбрана ја зачува мрежата.

Македонија го задржа водството во вториот дел и успеа да се избори за финален бараж на 12 ноември против Грузија на гости која претходно денеска со гол од пенал ја елиминираше Белорусија со 1:0.

реклама

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Трите најдобри јаглехидрати за спречување воспаленија

Read more

Домашните работи согоруваат калории: Kои согоруваат најмногу?

Read more

Фудбал

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Read more

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Read more

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Read more

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Read more
 

Спорт

Хаос во Берлин, повредени 155 полицајци

Читај повеќе
  • play_arrow

По 6 години ПСВ е шампион на Холандија

Читај повеќе

Новицки откри зошто го носеше дресот со број 41

Читај повеќе
  • play_arrow

Нереална ноќ на големиот Меси: Запиша дури 5 асистенции и даде гол

Читај повеќе
  • play_arrow

Изненадување во Денвер: Јокиќ и Нагетс паднаа на првиот меч, Едвардс броеше до 43

Читај повеќе

Швјонтек го освои Мастерсот во Мадрид

Читај повеќе

Тренерот на Лејкерс доби отказ: Последниве две години беа пеколни

Читај повеќе
  • play_arrow

Хаос во холандската лига: Не се знаеше кој слави, кој плаче

Читај повеќе

Заслужено или не? Фудбалер на Манчестер Сити прогласен за најдобар во Премиер лига

Читај повеќе