Додека патарините не се наплаќаат во Финска, Естонија и Монако, може да платите скапо за патување низ Франција или Италија.

Според една британска студија која анализирала колку треба да потрошиме за патување по автопати, мостови и тунели, Французите имаат највисоки патарини во Европа, додека во земји како Финска, Естонија и Монако се бесплатни, објави rs.n1info.com.
Во Естонија патарина се плаќа само за возила потешки од 3,5 тони.
Ако не сакате да трошите повеќе на патарини во Франција, Италија и Норвешка, ќе треба да тргнете по споредни патишта.
На пример, ќе платите околу 64 евра за патување од Париз до Марсеј на автопатот А6 / А7 (775 км). Италијанската рута од Милано до Неапол (773 км) чини 61 евро, додека Норвешка е на трето место според цените на патарините.
Од Боде до Осло треба да се издвојат околу 53 евра.
Северна Македонија е најисплатлива според британските истражувачи: од Петровец до Велес, патарината е околу 2,5 евра.

Кога станува збор за Србија, патарината од Суботица до Врање (531 км) е 1.960 динари (17 евра) за патнички возила.
Меѓу поевтините мостови е и тој што ги поврзува Норвешка и Шведска - чини околу 2 евра, а патарината за Грејт Сент Бернард во Швајцарија е околу 25,5 евра.
Најевтини се тунелот Созина во Црна Гора и пристанишниот тунел во Даблин, Ирска.