Македонија на 68 место на листата на Forbes на најдобри земји за бизнис

Лондон, 28 декември 2018 (МИА) – Македонија е рангирана на 68-то место на листата на Forbes за водење бизнис, која е составена врз основа на 15 фактори, вклучувајќи имотни права, даноци, технологија, ниво на корупција, слобода, бирократија, големина на пазарот, квалитет на живот и работна сила.

„Од својата независност во 1991 година, Македонија постигна напредок во либерализацијата на економијата и подобрување на деловното опкружување. Нејзините ниски даночни стапки и слободни економски зони помогнаа да се привлечат странски инвестиции, но тоа е се уште на ниско ниво во однос на остатокот од Европа. Корупцијата и слабото владеење на правото остануваат значителни проблеми. Некои фирми се жалат на нетранспарентни прописи и нееднакво спроведување на законот. Македонската економија е тесно поврзана со Европа како клиент за извоз и извор на инвестиции и трпи последици како резултат на пролонгираната слабост во еврозоната“, се наведува во појаснувањето на Forbes.

Невработеноста и натаму е висока со околу 23 отсто, но можно е да е преценета поради постоењето голема сива економија, која се проценува дека изнесува меѓу 20 и 45 отсто од БДП, што не е забележано во официјалната статистика. Македонија работи на изградба на нафтовод и дистрибутивна мрежа низ целата земја. Во моментов, Македонија ги добива своите мали количини природен гас од Русија преку Бугарија, истакнува Forbes.

Во 2016 година, Македонија потпиша меморандум за разбирање со Грција за изградба на интерконектор кој би можел да се поврзе со Трансјадранскиот гасовод, кој ќе минува низ регионот  кога ќе биде завршен или на ЛНГ во Грција. Македонија ја одржуваше макроекономската стабилност за време на глобалната финансиска криза преку спроведување на внимателна монетарна политика, која ја одржува домашната валута поврзана со еврото, а инфлацијата на ниско ниво.

Меѓутоа, во последните две години, внатрешната политичка криза ги намали економските перформанси, со забавување на растот на БДП во 2016 и 2017 година,  и намалување на домашните приватни и јавни инвестиции. Фискалните политики беа недоволни, со непродуктивни јавни расходи, вклучително и субвенции и зголемување на пензиите, како и зголемување на гаранциите за долгот на претпријатијата во државна сопственост, а фискалните цели беа постојано пропуштени. Во 2017 година, јавниот долг се стабилизира на околу 47 отсто од БДП, сѐ уште релативно низок во споредба со соседите од Западен Балкан и остатокот од Европа, оценува Forbes.

Според поединечни критериуми, Македонија е на 12. место кога е во прашање Трговската слобода, област каде е нотиран значителен напредок. Што се однесува на Монетарната слобода е на 55. место, Иновации на 98., Технологија 69.,  Бирократија на 45, место, област со нотирано значително влошување, потоа Заштита на инвеститорите на шесто место, Корупција на 95. место (и во оваа област е забележано значително назадување), Лична слобода на 85. и Даноци на 31 место.

Листата на Forbes, втора година по ред, ја предводи Велика Британија, која е единствена држава меѓу првите 30 (од 161 вкупнпо рангирани) што имала најдобри резултати во 15 области кои се мерени. На второ место е Шведска, а на трето Хонг Конг.

Од земјите во регионот, најдобро рангирана е Словенија на 31 место, Романија на 41., Бугарија на 46., Хрватска на 52., Србија на 56., Црна Гора на 72., Албанија на 74. и Босна и Херцеговина на 98 место.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе