Македонија под нулата, најстудено во Берово -14 степени

Скопје, 7 јануари 2019 (МИА) – Температури под нулата се регистрирани секаде во Македонија утрово. Најстудено било во Берово -14 Берово, -12 Битола, Лазарополе и Струмица, -11 Прилеп и Маврово, -10 Крушево, минус осум Крива Паланка, минус седум Демир Капија, минус шест Претор, минус пет Охрид, минус четири Тетово, Скопје Петровец и Куманово.

Врнежи имало во Пожаране, Маврово, Скопје Зајчев Рид, Ѓуриште, Прилеп, Тетово и Лазарополе, а снежната покривка највисока е во Маврово 65 сантиметри, 30 Крушево, 27 Битола, 24 Тополчани, 12 Ѓуриште, 11 Пожаране и Лазарополе, 10 Демир Капија и Берово, седум Прилеп и Струмица, три Претор, два Штип, Крива Паланка и Тетово, до еден сантиметар во Куманово.

Утрово времето е умерено до значително облачно и многу студено. Локално во северните делови во Лазарополе, Тетово и Маврово провејува снег.

Во текот на денот ќе биде студено, наутро и претпладне со услови за слаб снег претежно во западните планински делови. Ќе дува умерен до краткотрајно засилен северозападен ветер. На југоистокот ќе е претежно сончево. Максималната температура ќе се движи во интервал од минус шест до два степена.

Во Скопје, претпладне со услови за појава на слаб снег и од претпладне со умерен до засилен северозападен ветер. Попладне со сончеви периоди. Температурата ќе дотигене до два степена.

И во наредните денови ќе преовладува променливо облачно и студено време со максимални дневни температури под или околу нулата.

Утринските температури ќе бидат многу ниски и до -18 степени во Пелагонија и Малешевијата, а најстудено ќе биде утре наутро кога речиси во целата земја температурата ќе се спушти под -10, а на повеќе места и под –15 степени.

Нови пообилни врнежи од снег ќе има во среда од запад, иако на истокот наутро се уште ќе е многу студено.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Македонија

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Read more

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Read more

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Read more

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе