КВАЛИФИКАЦИИ ЗА ЕУРО 2020

Македонија рутински ја совлада Латвија

Македонската фудбалска репрезентација оствари лесна и очекувана победа од 2:0 на гостувањето во Рига кај најслабиот противник во групата од квалификациите за пласман на ЕУРО 2020.

Уште во првите дваесетина минути Македонија ја осигура победата постигнувајќи два гола преку Горан Пандев и Енис Барди за освојување на планираните три бода.

Прво во 14-тата минута Елиф Елмас одлично го пронајде Пандев во казнениот простор, а ветеранот искусно ја искористи укажаната шанса отворајќи го резултатот. Само три минути подоцна Барди налета на една одбиена топка и со силен удар од работ на шестнаесетникот зголеми на 2:0.

Домашната репрезентација на Латвија само покажа зошто е убедливо последна на табелата без ниту еден освоен бод. Во текот на целиот натпревар речиси и да не направи сериозна шанса освен еден добар удар од далечина кој за малку заврши над пречката. На спротивната страна избраниците на селекторот Ангеловски во неколку наврати промашија добри прилики за поубедлива победа, како оние на Пандев, Тричковски, Елмас и Трајковски.

Во другите натпревари од нашата група фаворитите Полска и Австрија одиграа без голови, додека Словенија оствари важна победа од 3:2 над Израел.

Квалификациите продолжуваат во октомври кога најпрво на 10-ти Словенија ни гостува во Скопје, а три дена подоцна Македонија патува за Полска.

Табела:
Полска 13
Словенија 11
Австрија 10
Израел 8
Македонија 8
Латвија 0

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе