Македонски Телеком со зголемена добивка во 2019 и раст во сите сегменти

  • Пораст на бројот на корисниците во сите сегменти: интернет, телевизија и мобилни услуги  
  • Нето добивката во 2019 година е зголемена за 6,3 отсто
  • Лидер на пазарот во телевизија со раст на корисниците од 6,2 отсто

Македонски Телеком оствари позитивни резултати од работењето во 2019 година. Компанијата ги надмина поставените цели и изминатата година ја заврши со зголемени приходи и раст на нето добивката, во споредба со претходната година. 

Во 2019 година продолжува трендот на раст на бројот на корисници во мобилната телефонија, интернетот и телевизија. Со постигнувањето позитивни резултати за изминатата година, Македонски Телеком поставува цврста основа за понатамошен развој, инвестиции, модернизација на инфраструктурата и воведување современи технолошки решенија и услуги на пазарот.

Континуиран раст на финансиските параметри

Приходите од продажба на Македонски Телеком во 2019 година, во споредба со претходната година, се зголемени за 3,6 отсто и изнесуваат 10,8 милијарди денари. Оперативната добивка пред камати, оданочување и амортизација (EBITDA) е зголемена за 4,7 отсто во споредба со претходната година, додека нето добивката бележи раст од 6,3 отсто.

Пораст на корисничката база

Македонски Телеком на крајот од 2019 година бележи зголемување на бројот на корисниците во сите сегменти од своето работење. Со раст од 1,2 отсто на корисничката база, вкупниот број на корисници во мобилниот сегмент изнесува 1,2 милиони претплатници. Зголемена е базата и на корисници коишто имаат пристап до широкопојасен интернет за 4,1 отсто при што вкупниот број изнесува 204 илјади. Македонски Телеком од крајот на вториот квартал во 2019 се позиционира како лидер во ТВ сегментот на пазарот. Со растот на  бројот на корисници за 6,2 отсто (вклучувајќи Magenta 1, Internet&ТV и други ТВ услуги), на крајот од 2019 година МКТ ја зацврстува својата позиција со база од 136 илјади претплатници. MaxTV останува избор број еден за корисниците, пред сè како резултат на ексклузивните содржини, квалитетот, неограничените можности за интеракција и уникатното ТВ искуство.

Продолжува фокусот на инвестиции во мрежата

Македонски Телеком континуирано и со несмалено темпо продолжи да вложува во инфраструктурата и подобрување на сопствените капацитети. Па така, како резултат на инвестициите бројот на домаќинства покриени со оптика е зголемен за 13,6 отсто споредено со претходната година. На крајот од 2019 година, една третина од домаќинствата во земјава имаат можност да се поврзат на оптичката мрежа од Телеком и да ги користат бенефитите од оваа технологија. Во 2019 година компанијата ја постави и првата тестна 5G мрежа во Скопје, при што продолжуваат тестирањата во реални услови и сите неопходни чекори за воведување на 5G технологијата.

Ефектите од работењето во 2019 година прикажани погоре, заради компаративна анализа со претходната година се дадени без влијанието на Меѓународниот стандард за финансиско известување 16 „Наеми“.

*Промотивен текст

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Бизнис

Скокнаа цените на нафтата, остар пад на доларот

Read more

Раст на Волстрит втор ден по ред

Read more

Цените на нафтата пораснаа, доларот благо зајакна

Read more

Португалија откри наоѓалиште на нафта во близина на Намибија

Read more
 

Вести

УКИМ донесе Одлука за основање на Фондација Горан Стефановски

Читај повеќе

Битиќи: Осигурителните компании да го повлечат зголемувањето на цените, а на граѓаните да им се компензираат средствата

Читај повеќе

1 и 6 мај неработни за сите граѓани на Македонија, 3 мај за православните

Читај повеќе

Герасимовски: Со видео надзор Центар ќе ја зголеми безбедноста на граѓаните и ќе ги заштити јавните добра

Читај повеќе

Шојгу: Русија никогаш не планирала да ги нападне земјите на НАТО

Читај повеќе

Апасиев: Не паѓајте во духот, долг е патот на борбата, со душа го чекаме 8 мај

Читај повеќе

Тројца скопјани искасани од кучиња скитници

Читај повеќе

С.О.С. фестивалот се враќа на домашната сцена

Читај повеќе

Маскиран со фантомка влегол во казино во Лешок, репетирал автоматската пушка и украл 329.780 денари: Притвор за 28-годишник

Читај повеќе