Макрон: Да се воведат санкции за земјите членки на ЕУ кои не примаат бегалци

Париз, 23 јуни 2018 (МИА) - Францускиот претседател Емануел Макрон изјави дека треба да се воведат финансиски санкции против земјите членки на Европска унија кои одбиваат да примат бегалци.

„Не може земјите кои имаат корист од европската солидарност да покажуваат егоизам кога станува збор за миграциските проблеми“, истакна Макрон на заедничката прес конференција во Париз со шпанскиот премиер Педро Санчес.

Макрон и Санчес изјавија дека се согласни да се формираат центри од затворен тип во европските земји, во кои ќе пристигнуваат мигрантите. Во тие центри ќе бидат проверувани имигрантите и на дел од нив ќе им се доделува азил, а другите ќе бидат враќани во земјите од каде потекнуваат.

Такви центри во Европа сега не постојат, со исклучок на Грција и Италија, со кои раководи Високиот комесаријат на Обединети нации за бегалци.

Прашањето за мигрантите утре ќе биде на дневен ред на мини самитот во Брисел, кој го бојкотираат земјите од Вишеградската група (Полска, Унгарија, Чешка и Словачка), кои не сакаат да примат мигранти.

реклама

Свет

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Read more

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Read more

Приходите на Русија од нафта и гас се речиси двојно зголемени

Read more

Над 100 кг кокаин пронајдени меѓу банани во супермаркети во Германија

Read more
 

Вести

ЦУК: Коловозите во државата на многу места се влажни, имало ситни одрони на сите патни правци

Читај повеќе

ВМРО-ДПМНЕ: Над 180.000 гласови предност се обврска Македонија повторно да ја вратиме на народот

Читај повеќе
  • play_arrow

Ковачевски: Нема откажувања, ги повикувам граѓаните на 8 мај да излезат масовно и да дадат поддршка за Пендаровски и СДСМ

Читај повеќе

Без струја делови од општините Петровец, Ѓорче Петров и Сарај

Читај повеќе

Преку денот сончево со мала до умерена облачност, утрото претежно ведро и наместа постудено

Читај повеќе

Мицкоски до СДСМ и Ковачевски: Нека не ве чуди што ве снајде вчера

Читај повеќе

Бран насилство во Хаити: илјадници мртви, премиерот поднесе оставка

Читај повеќе

Русија најави: Ги преместуваме системите Искандер на границата со Финска

Читај повеќе

Османи победи во Торонто

Читај повеќе