Макрон: Џабе протестирате

Протестите нема да ја спречат пензиската реформа или други политички промени, изјави денеска францускиот претседател Емануел Макрон во департманот Високи Алпи каде дојде да одржи говор пред објавувањето на планот со 50 мерки за спречување на кризата со водоснабдувањето, пренесуваат агенциите.

Планот вклучува широк опсег на мерки, вклучувајќи повторна употреба на вода, споделување на вода и спречување на истекување.

Макрон и неговата влада се надеваат дека ќе продолжат од пензиската реформа што предизвика жестоки протести низ целата земја во изминатите два месеци.

Во Савин ле Лак на Алпите, каде што треба да одржи говор, претседателот на Републиката го пречека група демонстранти против пензиската реформа.

„Макрон, поднеси оставка!“ и „Земи ја твојата пензија, не нашата“, пишуваше на транспарентите. Локалните медиуми јавија дека се уапсени двајца демонстранти, пренесува Reuters.

Водата е исто така многу спорно прашање во Франција.

Двајца мажи завршија во кома откако се судрија со полицијата во саботата за време на неодобрениот протест против изградбата на огромен резервоар за вода за наводнување во западна Франција.

Сушата од минатото лето, најлошата до сега во Франција, ја интензивираше дебатата за водните ресурси во најголемиот земјоделски производител во ЕУ.

Земјоделците посочуваат дека летово им требаат големи резервоари со вода за да го наводнуваат родот, но здруженијата за заштита на животната средина тврдат дека тоа ја троши водата и дека земјоделците на тој начин ќе го присвојат општото добро.

„Протестите се нормални“, им рече Макрон на новинарите, „но тоа не значи дека треба да престанеме“.

„Ништо не го оправдува насилството во едно демократско општество“, рече тој и додаде дека демонстрантите против резервоарот за вода дошле „да водат војна“. „Тоа не е прифатливо“, нагласи тој.

„Насилството станува форма на навика кај некои луѓе и тоа треба одлучно да се потисне“, рече Макрон.

Remote video URL

Според властите, на протестот во саботата се собрале меѓу 6.000 и 8.000 луѓе, а според организаторите 30.000.

Лигата за човекови права ги критикуваше властите за употреба на прекумерна сила против демонстрантите. Организаторите соопштија дека се повредени 200 лица, од кои двајца демонстранти завршиле во кома. Нивните семејства поднеле тужба за обид за убиство, пренесува AFP.

реклама

Прелиминарни резултати по мандати: ВМРО-ДПМНЕ има 59 пратеници, Левица 6, ЗНАМ 5

Read more

Апасиев: Ја пасокизиравме СДС, го преполовивме проектот на Максо

Read more

Ирска ги згрози евровизиските гледачи: Гледавме ли сатанистички ритуал?

Read more

Пендаровски: Резултатите се јасни, им честитам на победниците

Read more

Свет

Украинскиот парламент одобри мобилизација на затвореници

Read more

Браќата Тејт добија граѓанска тужба за силување и напад

Read more

Грета Тунберг казнета поради протестите во Стокхолм

Read more

Бајден ја запре испораката на оружје за Израел

Read more
 

Вести

Шопен под отворено небо со Дино Имери

Читај повеќе

Прва претседателка на Македонија - која е Гордана Силјановска-Давкова и за што се залага?

Читај повеќе

Радев: Набргу ќе се знае дали ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска ќе работат за европската перспектива на Скопје

Читај повеќе

Нови пресметки од ДИК: ВМРО-ДПМНЕ има еден мандат помалку, ЗНАМ еден повеќе

Читај повеќе

Украинскиот парламент одобри мобилизација на затвореници

Читај повеќе

Вучиќ и Орбан ѝ честитаа на Силјановска Давкова

Читај повеќе

Браќата Тејт добија граѓанска тужба за силување и напад

Читај повеќе

Награден конкурс за книжевни творби инспирирани од творештвото на Франц Кафка

Читај повеќе

Цените на нафтата пораснаа, доларот зајакна

Читај повеќе