
Српскиот претседател Александар Вучиќ ѝ ја честиташе победата на Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори во Северна Македонија.
„Им честитам на Гордана Силјановска-Давкова за нејзиниот избор за претседател на Северна Македонија и ѝ посакувам успешно да ја извршува одговорната должност што ја презема. Уверен сум дека ќе продолжиме да работиме заедно за зајакнување на врските меѓу Србија и Македонија со цел на напредокот и благосостојбата на нашите народи, како и на просперитетот на целиот регион“, објави Вучиќ на платформата X.
„Многу ми значат вашите честитки“, му одговори Силјановска-Давкова на Вучиќ по упатената честитка.
Многу ми значат Вашите искрените честитки, претседателе Вучиќ @predsednikrs. Очекувам дека ќе продолжиме да работиме на унапредување на извонредните македонско-српски односи 🇲🇰🇷🇸.
— Гордана Силјановска Давкова (@gogamkd) May 8, 2024
Хвала пуно, председниче Вучићу!
„Вашите искрени честитки ми значат многу претседателе Вучиќ. Очекувам дека ќе продолжиме да работиме на подобрување на одличните македонско-српски односи. Ви благодарам многу претседателе Вучиќ!“, напиша таа во својот одговор на социјалната мрежа X.
Унгарскиот премиер Виктор Орбан упати честитки за изборната победа на ВМРО-ДПМНЕ на парламентарните избори и победата на нивната кандидатка Гордана Силјановска-Давкова во вториот круг од претседателските избори, додавајќи дека се радува на идната заедничка соработка.
„Им честитаме на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски и Гордана Силјановска-Давкова за заслужената и историска победа на денешните претседателски и парламентарни избори во Северна Македонија. Со нетрпение очекувам да работиме заедно за да дадеме нов поттик на процесот на пристапување на Северна Македонија до ЕУ!“, напиша Орбан на социјалната мрежа Х.