Малечкиот Португалец кој го тешеше францускиот навивач по изгубеното финале
По поразот на Франција од Португалија, француските навивачи беа разочарани и премногу емотивни. Еден малечок навивач на Португалија му пружи утеха на еден француски навивач, кој не можеше да ги сокрие солзите по поразот на неговиот тим.
Емотивната средба меѓу двајцата навивачи е трогателен момент кој беше снимен на улиците во Париз.