Малите партии бараат во најкус рок пленарна седница за измените на Изборниот законик

Малите политички партии бараат во најкус можен рок да се закаже пленарна седница и да почне расправата за измените на Изборниот законик. Доставиле и писмо до претседателот на Собранието, Талат Џафери. Бараат една изборна единица, пропорционален модел и без изборен праг.

Во писмото упатено до претседателот на Собранието потсетуваат дека Предлог-законот за измени на Изборниот законик е доставен уште на 5 март 2021 година и дека тој е ставен на дневен ред на седницата закажана за 18 мај, но оти досега не е почната расправата.

– Со оглед на важноста на законот, инсистираме во најбрз можен рок да се закаже пленарна седница и да се отвори расправа по Предлог-законот. Инаку, со промените се предлага Република Северна Македонија да биде една изборна единица, со пропорционален изборен модел и без праг, се наведува во барањето.

Барањето е потпишано од пратениците Павле Трајанов, Маја Морачанин, Моника Зајкова, Боби Мојсоски, Љупчо Балкоски и Бејџан Иљас.

Бараат да се донесе законот во рок од три месеци. Поддршка за изборните реформи ќе бараат од сите пратенички групи и независни пратеници. СДСМ и ВМРО-ДПМНЕ, како што брифираат иницјаторите на ваквите измени, начелно го поддржуваат предлогот, но ќе го отворат прашањето за изборниот праг.

реклама

Балканско-Кавкаска песна на Евровизија

Read more

6 неочекувани намирници што треба да се чуваат во фрижидер

Read more

Левица се закани: Ако сакате војна, ќе ја добиете, ама ќе биде сиромашни против богати

Read more

Франција претстави нов дрон камиказа, може да лета со брзина од 400 км/ч

Read more

Македонија

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Read more

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Read more

Доаѓа нестабилно време со пороен дожд и грмежи

Read more

Мицкоски: Да излеземе да гласаме, за да не можат да нѐ уценуваат никогаш повеќе

Read more
 

Вести

Хамас го прифати договорот за прекин на огнот

Читај повеќе

Бојан Јовановски за пријавата од Кичеец: Ова е почеток на една битка со цела криминална банда

Читај повеќе

Советот на Европската Унија го усвои планот за раст за Западен Балкан

Читај повеќе

Претепани политичари во Германија, граѓаните излегоа на улица

Читај повеќе

Ден пред двојните избори гласаат болните и изнемоштените лица, затворениците и дијаспората

Читај повеќе

Русија најави вежби за тактичко нуклеарно оружје: Одговараме на провокациите

Читај повеќе

Тешка сообраќајка кај Влае – има повредени, едното возило преполовено

Читај повеќе

Студентски протести за Газа почнаа во Белгија и Холандија

Читај повеќе
  • play_arrow

Што да очекуваме по денешната инаугурација на Путин?

Читај повеќе