Малку поинаков шопинг: Како да препознаете добра second hand облека?

Александра Спасеска
/ 06.07.2020 / 11:23

Иднината на модата е обновлива, еколошка, етичка. Без разлика дали сте следбеници на трендови, вљубеници во класиката, уживатели во лежерниот стил или експериментални модни индивидуалци, светот на модата се менува и тоа мора да го знаете.

Можеби досега сте носеле парче облека што сте го размениле со пријател/ка или познаници, сте наследиле облека од постари браќа/сестри или родителите, а можеби и сте биле во продавница за second hand облека (облека од втора рака) или сте нарачале од ваков онлајн продавач. Причините за тоа може да варираат, а и искуствата сигурно се различни. Со појавата и експанзијата на модните блогери во светот, регионот и кај нас, чести беа акциите во кои тие подаруваа или продаваа парчиња што ги облекле еднаш или ниту еднаш, а ги купиле понесени од тренд или им биле подарени од брендови.

Најчестите причини зошто луѓето избираат да купуваат облека од втора рака се:

*Економичност (облеката од втора рака е релативно поевтина)

*Личен стил (може да се најдат оригинални парчиња со кои луѓето можат *подобро да го изразат својот стил и индивидуалност)

*Еколошка и етичка свесност (со одново носење и реупотреба на облеката се намалува количеството на текстилен отпад и се спречува циклусот на брзата мода)

*Наоѓање винтиџ или дизајнерски парчиња со повисок квалитет на материјалите и изработката, за многу пониска цела од оригиналната.

Продавници за облека од втора рака во Македонија постојат околу 10 години, но нивната „репутација“ не била секогаш позитивна (а за некои потрошувачи, за жал, уште не е). Во моментов има силен бран на онлајн продавници за облека од втора рака кои најчесто функционираат преку Instagram и Facebook.

Ако веќе сте избрале да купувате облека од втора рака или сакате да се впуштите во едно поинакво шопинг искуство, заедно со организацијата  Fashion Revolution Macedonia споделуваме со вас неколку совети кои би можело да ви помогнат во изборот:

*Лоцирајте ги second hand продавниците во вашето населено место и побарајте ги онлајн продавачите на облека од втора рака, најчесто преку препорака.

*Пристапете на ова искуство со отворен ум – некогаш ќе најдете нешто што не сте го ни барале, а некогаш „ловот“ ќе биде безуспешен, не очајувајте.

*Имајте на ум дека не влегувате во брендирана или конфекциска продавница – веројатноста дека го имаат истиот модел во друга големина или боја е еднаква на шансите да најдете оригинална Chanel чанта за 50 евра :) . Но потрагата по добро парче е дел од возбудата на second hand шопингот.

*Тргнете со конкретна идеја (барам цветен миди фустан, кошула на риги, црни фармерки со висок струк...) На тој начин нема да бидете преплавени од понудата. Ако сте расположени за пребарување, тогаш опциите се речиси безгранични.

*Секогаш информирајте се за потеклото на облеката, ако не е јасно назначено во продажното место. Продавачот (особено онлајн) треба да го има назначено потеклото, состојбата и материјалот на парчето облека. Ова е многу важно за винтиџ парчињата, но и за кои било други парчиња облека од втора рака.

*Облеката во продажното место треба да е чиста, уредна и сортирана. Ако некое парче има некаков дефект, продавачот треба да го има тоа назначено и тоа да се одрази на цената на парчето.

*Кога купувате онлајн, осигурајте се дека продавачот има услови и правила за враќање на производот во случај на грешка или ако парчето облека не ви е точно.

*Купувајте од проверени извори, за да може да ги поддржите локалните мали бизниси.

Пред да тргнете во шопинг, на нови или парчиња од втора рака, секогаш помислете на „Пирамидата на потреба за купување" (buyerarchy of needs) по која може да се водите. Гледана од долу нагоре таа изгледа вака: да го користиме она што го поседуваме (квалитетната и негувана облека трае подолго) и да го пренамениме кога веќе нема да го носиме (upcycle), да позајмиме, да размениме, да купиме од втора рака или винтиџ, да го направиме (сами или со помош) и на крај дури да купиме ново парче кое ќе биде етички и еколошки произведено и одржливо.

реклама

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Read more

Што ако мастурбирaњето ви буди чувство на непријатност?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Живот

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Read more

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Гостите секогаш ги забележуваат: 6 ситници кои би можеле да ве посрамотат

Read more
 

Магазин

Во кои земји не може да се патува со израелски пасош?

Читај повеќе

Вкусни телешки шницли од само 5 состојки

Читај повеќе

Хороскопски знаци што го пикаат носот секаде: Ги интересира сѐ и повеќе отколку што треба

Читај повеќе

Една од најуспешните порно ѕвезди незадоволна од заработката: Не е во ред

Читај повеќе

Зошто пливањето е една од најдобрите вежби што можете да ги изберете?

Читај повеќе

Стјуардеса ги откри најдобрите места за деца и зошто родителите со бебе не треба да летаат ноќе

Читај повеќе
  • play_arrow

Рецепт на денот: Ќофтиња со кашкавал и зеленчук

Читај повеќе

Како да го намалите нивото на кортизол во телото ако постојано сте под стрес?

Читај повеќе

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Читај повеќе