Манчестер Сити повторно на мета на УЕФА: Истрагата од 2014 може да биде повторно отворена

УЕФА го предупреди Манчестер Сити дека постои можност одново да ја отвори истрагата од 2014 година во која англискиот клуб беше обвинет за прекршување на Финансискиот фер-плеј. Документите и мејловите кои ги откри платформата Football Leaks за Манчестер Сити во последните две недели укажуваат на сериозни финансиски нерегуларности и прекршување на правилата на европската куќа на фудбалот.

Челниците на УЕФА во 2014 година започнаа истрага против Манчестер Сити и го казнија клубот со парична казна од 49 милиони евра поради прекршување на Финансискиот фер-плеј, но документите откриени од Football Leaks и објавени на Der Spiegel покажуваат дека англискиот шампион не само што го крши ФФП туку и има еден куп нерегуларности во финансиското работење.

Во официјална изјава за медиумите, УЕФА напомена дека внимателно го следи финансиското работење на сите европски клубови и дека според нивните податоци Манчестер Сити немал никакви нерегуларности го полето на ФФП. Сепак, напоменаа дека доколку бидат изнесени конкретни и веродостојни податоци, одново ќе ја започнат истрагата.

„Ако излезат нови информации кои укажуваат дека претходната истрага не ги открила сите нерегуларности на Манчестер Сити, тогаш истиот случај може да биде одново отворен и ќе се прошири истрагата на сите полиња“, стои во извештајот на УЕФА.

Раководството на шпанската Ла Лига побара да продолжи истрагата за финансиското работење на ПСЖ и Манчестер Сити, а УЕФА веќе поминува низ документите на францускиот клуб со цел да одреди дали тие го прекржиле ФФП во последните четири години.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Заврши ретрограден Меркур: Детален хороскоп за сите знаци, 2 ќе бидат најсреќни

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе

Јирген Клоп: Извинете

Читај повеќе