УЕФА ЕУРО 2020

Манчини: Пеналите се среќа, жал ми е за Англија

Италијанскиот селектор, нормално, е пресреќен од победата и првиот континентален трофеј за „Аѕурите“ по 1968 година.

Роберто Манчини ја воскресна Италија. Од репрезентација која не успеа да се квалификува за Мундијалот 2018 во Русија создаде непрепознатлив тим кој сега е на врвот на Европа.

„Само што почна натпреварот примивме гол и се мачевме. Потоа почнавме да доминираме и така беше до крај. Момците беа неверојатни, не знам што повеќе да кажам. Ова е важно за сите луѓе и за сите навивачи“, рече Манчини говорејќи за италијанските медиуми.

Италија почна лошо бидејќи уште во 2. минута се затресе мрежата на Џиџи Донарума. Потоа одреден период им требаше да се повратат од раниот шок, за потоа да почнат да ја играат својата игра со држење на топката не дозволувајќи им на Англичаните да играат.

„Задоволни сме што успеавме да се држиме до нашата игра и да победиме. Се надевам навивачите сега слават. Среќни сме, сега само тоа е важно“.

Успеаја да израмната, а потоа откако не успеаја да постигна победнички гол, натпреварот замина на продолжениј, па пенали од каде Италијанците излегоа како победници.

„На пенали треба да се има и малку среќа, така да малку ми е и жал за Англија бидејќи и тие имаа прекрасен турнир. Мислам дека ќе продолжат да напредуваат. Ние многу напредувавме, но мислам дека можеме уште да напредуваме“

Манчини и неговиот поранешен соиграч од Сампдорија, сега тимски координатор на репрезентацијата, Џанлука Виали, синоќа одново целиот свет ги виде в прегратка, и тоа на „Вембли“, каде на клупско ниво не успеаја со клубот од Џенова.

„Нашето пријателство е нешто кое нема граници, бидејќи таа Сампдорија немаше граници. Сега затворивме еден круг, но морам да напоменам дека момците беа неверојатни“.

URL

Манчини и Виали го предводеа нападот на Сампдорија во финалето од Купот на шампионите кое во 1992 година се одигра токму на „Вембли“. Тогаш не успеаја да го кренат пехарот откако Барселона победи со 1:0 на продолженија.

реклама

740.000 случаи на рак годишно се поврзуваат со една навика

Read more

Од 25 април почнува финансискиот успех за еден хороскопски знак

Read more

Која храна содржи најмногу пластика?

Read more

Како машината за перење и облеката секогаш да ви мирисаат совршено?

Read more

Фудбал

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Read more

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Read more

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Read more

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Read more
 

Спорт

Ненад Димитријевиќ е МВП на ВТБ лигата

Читај повеќе

Кјеза: Заминувам ако Алегри остане тренер

Читај повеќе

Фудбалерот на Њукасл размислува за иднината: Положи за возачка за камион

Читај повеќе

Натпревар од Серија А вечерва ќе се игра само 18 минути

Читај повеќе

Историја на Интер - Торино: Прв пат во Серија А целосно женски судиски тим

Читај повеќе

Ван Дајк јавно ги прозва соиграчите: Сакате ли воопшто титула?

Читај повеќе

Ел Класико се сели во САД

Читај повеќе
  • filter

Новиот дрес на Милан нè враќа 100 години наназад

Читај повеќе

Што го убеди Чави сепак да остане во Барса?

Читај повеќе