Фудбалерот на Баерн, Садио Мане, е познат како голем верник кој се придржува до исламските принципи, а поради тоа сенегалскиот ас не ја испеа божикната песна со остатокот од тимот.
Сенегалецот одбра да не им се придружи на своите соиграчи во божикната песна поради неговите религиозни убедувања, и само молчеше и се смешкаше, но сепак реши да покаже почит кон тимот појавувајќи се на групна фотографија носејќи ја црвената капа карактеристична за новогодишните празници. Се разбира, ниту присуството, а уште помалку пеењето се задолжителни при вакви настани во Баерн.
Мане е познат како муслиман кој апстинира од алкохол, па претходно не сакаше да земе пиво при правењето на тимската фотографија на Баерн, иако како и во овој случај се појави на фотографирањето.
Поради повреда Мане го пропушти Мундијалот во Катар и се очекува извесно време да паузира.
Тој минатото лето се пресели од Ливерпул во Баерн во трансфер вреден 32 милиона евра. За „Баварците“ сезонана забележа вкупно 23 настапи во сите натпреварувања на кои постигна 11 гола и додаде 4 асистенции.