Хака е познат борбен танц, а во светот најмногу го прославија спортистите од Нов Зеланд.
Во последно време го изведуваат антиваксерите на нивните протести, а тоа никако не им се допаѓа на Маорите.
Племето Нгати Тоа, кои се законски заштитници на хака танцот, им дадe предупредување на демонстрантите кои изведуваат традиционален танц на протести против вакцини.
Предупредувањето доаѓа во момент кога нивото на вакцинација меѓу Маорите е ниско. Околу 61% од жителите се вакцинирани целосно, а 77% со една доза, што е низок степен во однос на 90% вакцинирани колку што е целта на владата на Нов Зеланд.
„Нгати Тоа го осудува користењето на хака Ка Мате со цел промовирање на антиваксерска порака“, се наведува во соопштението.
Племето наведе дека многу нивни предци ги изгубиле животите во минатите и во оваа пандемија и дека поради тоа вакцината против коронавирусот е најдобар начин за заштита.