Пензионирањето на Кристијано Роанлдо од репрезентациајта на Португалија изгледа нема да се случи уште 4 години, ако е точно она што го тврди шпанска Marca.
Шпанскиот спортски весник пренесува дека според информации добиени од лица блиски до Роналдо тој нема намера да се повлече од репрезентација. По елиминацијата од Мундијалот во Катар тој одлучил да се насочи кон наредниот Мундијал, на кој ќе треба да настапи откако ќе наполни 41 година.
Неспорно е дека 37-годишниот Роналдо е одлично физички подготвен и дека според начинот на живот и редовното вежбање тој и на 41 година би можел да игра за репрезентацијата. Останува да видиме дали телето ќе му одговори на предизвикот, или ќе го следи примерот на 41-годишниот Златан Ибрахимовиќ кој веќе година и кусур се мачи со повреди.
Наредниот Мундијал за прв пат ќе се одржи во три земји и тоа Канада, САД и Мексико и на него ќе учествуваат рекордни 48 репрезентации.