Маричиќ: Називите на бугарските клубови не придонесуваат за добрососедските односи

Владата имаше реакција од повеќе официјални лица и таа реакција е јасна и недвосмислена дека не сметаме дека називите на овие клубови придонесуваат за добрососедските односи и ги сметаме за провокација, дека се контроверзни. Но, мислам дека е многу подобро за нас како демократска држава, членка на НАТО, членка на СЕ, членка на ОБСЕ, кандидат за членство во ЕУ да ги решаваме овие прашања институционално, наместо со насилство.

Ова го изјави вицепремиерот задолжен за европски прашања, Бојан Маричиќ одговарајќи на новинарско прашање за имињата на новоотворените бугарски клубови во земјава.

– Насилството не е решение и не придонесува за решавање на проблемите. Сметам дека и Централниот регистар и надлежните судови и јавното обвинителство имаат опции и по постоечките закони да дејствуваат за зачување на јавниот ред и мир и јавната безбедност во смисла на називите на овие здруженија. По моите информации Централниот регистар веќе постапува во некој од овие случаи, но во тек е и работата на ад хок групата која ја формираше Министерството за правда за да се направат законски измени за додефинирање на прашањата поврзани со називите на здруженијата, рече Маричиќ денеска на заедничката прес-конференција со шефот на Делегацијата на ЕУ во земјава, Дејвид Гир, по повод презентацијата на најновиот Извештајот на ЕК за земјава.

Тој нагласи дека земјава во моментов има еден од најлибералните закони во Европа за здруженија и фондации, но ќе се направат додефинирања во рамки на меѓународните и европските конвенции за да се избегнат вакви ситуации.

– Отворањето на кој било клуб и чие било здружение во Северна Македонија не е проблем само по себе, но кога тоа ќе се нарече по контроверзни личности, секако дека е предизвик за јавната безбедност и јавниот ред и мир како што видовме, рече вицепремиерот и најави дека на ова прашање ќе продолжи да се работи и да се дефинира и согласно праксата во други демократски држави.

Евроамбасадорот Дејвид Гир забележа дека Северна Македонија има добро досие за односите помеѓу различните заедници. Во тие односи, додава дека треба да се направат напори од сите страни за да се промовира заемно разбирање и заемна почит.

реклама

Македонија

Мицкоски: Историското наследство на Македонија е обврска, а не украс или сентимент

Read more

Тошковски доби опомена од Безбеден град – возел со 1 км/ч над дозволената брзина

Read more

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

Read more

Денеска дожд, од утре сонце

Read more
 

Вести

Мицкоски: Историското наследство на Македонија е обврска, а не украс или сентимент

Читај повеќе

Маж од Неготино присилил скопјанка на полови дејствија, ја снимал и ѝ барал пари за да не го објави видеото

Читај повеќе

Тошковски доби опомена од Безбеден град – возел со 1 км/ч над дозволената брзина

Читај повеќе

Граничниот премин Евзони денеска повторно затворен поради протест на грчките земјоделци

Читај повеќе
  • play_arrow

Авион се запали на аеродром во Бразил, евакуирани 180 патници

Читај повеќе

МААЕ: Заштитната структура на Чернобил е тешко оштетена

Читај повеќе

Денеска дожд, од утре сонце

Читај повеќе
  • play_arrow

Русија изврши голем напад врз Украина, Полска подигна борбени авиони

Читај повеќе

Што сè заплени Царината изминатава недела?

Читај повеќе