Научно-фантастичниот филм „Infinite“ премиерно ќе биде прикажан на 10 јуни на стриминг сервисот Paramount+, додека во кино за гледачите ќе биде достапен од 7 август.
Станува збор за адаптација на романот „The Reincarnationist Papers“ на Ерик Мајкранц, а во која главната улога ја толкува Марк Волберг.
Волберг го игра ликот на Еван Меколи, човек којшто секојдневно открива дека поседува вештини за кои не знае каде ги научил. Му се појавуваат сеќавања за места за кои е уверен дека никогаш не ги посетил. Меколи почнува да се сомнева дека нешто не е во ред со него и почнува терапија со лекови. Од целосен психички слом го спасуваат членови на тајна група кои му откриваат дека неговите сеќавања се вистинити, но се од претходните животи.
Заедно со останатите поседува способност за реинкарнација. Тој сега има мисија да го спаси човештвото од човек кој има исти способности како него.
Во останатите улоги ги гледаме Софи Куксон, Дилан О’ Брајан, Лиз Кар и други.