Познатиот актер Марк Волберг откри дека со сопругата и четирите деца од Холивуд се преселил во Невада.
Марк и Рија Дарам имаат два сина и две ќерки на возраст од 12 до 19 години, а Волберг вели дека токму поради нив се отселил од Холивуд.
„Секој слободен момент го минувам дома. Ја сакам можноста да работам од дома. Се преселив во Калифорнија пред многу години за да изградам кариера, а во тој период снимив и неколку филмови. Сакам да им овозможам подобар живот на децата, да можат да си ги следат соништата. Овде дојдовме за да направиме промени, да овозможиме нов почеток за децата. Има многу можности и возбуден сум поради иднината“, вели Волберг во интервју за The Talk.
Според пишувањето на Architectural Digest, Волберг на оглас за продажба огласил луксузна недвижност во Беверли Хилс за дури 87.5 милиони долари.
Станува збор за недвижност која поседува 12 спални соби и 20 бањи, тениски терен, домашно кино, вински подрум, голф терен, голем базен и одвоена гостинска соба.