Мартинес: Никогаш не сакав да дојдам во Арсенал

Еден од оние Аргентинци кои моментално се во центарот на вниманието поради прекинатиот натпоревар со Бразил, е и голманот Емилиано Мартинес, кој 10 години беше под договор со Арсенал.

Пред неколку дена го прослави 29-тиот роденден, но за репрезентацијата заигра дури годинава, кога и дебитраше. Веднаш стана број 1 помеѓу стативите, бранеше и на Копа Америка каде Аргентина стана шампион, а тој ја однесе наградата за најдобар голман.

Но, неговата кариера не била од почеток сјајна, а како 18-годишен неволно се преселил во Арсенал, одлука со која и ден денес не може да се помири.

„Од Арсенал дојдоа да ме бараат и Пепе Санторо (тренер во Индепендиенте, заб. на прев.) ми рече дека таков воз доаѓа само еднаш во животот. Семејството и агентите беа на истиот став. Така, одлуката беше повеќе поради нив отколку поради било што друго“, раскажува голманот за El País.

„Не сакав да одам. Не жалав за одењето, но сакав да играм за Индепендиенте. Некое време си мислев дека доколку останев, за две години ќе дебитирав. Но, на мојата фамилија ѝ беа потребни пари. Се преселив поради тоа, не од спортски причини“, додава тој.

По доаѓањето во Лондон мина две сезони во академијата на Арсенал, за потоа да биде пратен на неуспешна позајмица во Оксфорд Јунајтед. Потоа следуваа позајмици во Шефилд Веднсдеј, Ротерам Јунајтед, Вулверхемптон Вондерерс, Хетафе и Рединг, а за Арсенал одигра само 23 натпревари од кои само 15 во Премиер лигата.

Од летото 2020 е на голот на Астон Вила каде конечно е стандраден, а квалитетите го доведоа и до репрезентацијата.

реклама

Фудбал

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Read more

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Read more

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Read more

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Read more
 

Спорт

Ракометарите убедливо поразени од Фарските Острови

Читај повеќе
  • play_arrow

Фиорентина повторно ќе игра финале во Конференциската лига

Читај повеќе

Луис Енрике: Фудбалот понекогаш е толку нефер

Читај повеќе

Орсато означи крај во Париз и се расплака

Читај повеќе

Блесна стадионот во Битола: Пуштени рефлекторите Под Тумбе Кафе

Читај повеќе

Подготвени за нов спектакл? Реал и Баерн вечерва на мегдан за финале

Читај повеќе
  • play_arrow

На Дончиќ не му одеше шутот, Далас го загуби првиот дуел од Оклахома

Читај повеќе
  • play_arrow

Тиаго Силва потпиша за Флуминенсе, доаѓа во јули

Читај повеќе

Шампионската титула на Реал ќе му биде врачена зад затворени врати

Читај повеќе