Маск до работниците: Вратете се на работа или напуштете ја компанијата

Според имејл испратен до вработени, главниот извршен директор на Tesla Inc бара од работниците да се вратат во канцеларија или да ја напуштат компанијата, пренесе Reuters.

„Сите работници во Tesla мора да минат во канцеларија барем 40 часа неделно“, напишал Маск во мејлот испратен во вторникот навечер. „Ако не се појавите, ќе претпоставиме дека сте дале отказ. Колку сте постари, толку повеќе треба да бидете видени. Затоа и јас толку долго сум во фабриката – за да работниците во производство видат дека и јас работам со нив. Да не го направев тоа, Tesla одамна ќе банкротираше“.

Два извори ја потврдија веродостојноста на мејлот што Reuters го прегледа. Tesla не одговори на барањата за коментар.

Компанијата бара од работниците да се вратат на работното место со полно работно време. Tesla седиштето го премести во Осин, Тексас но дел остана и во подрачјето на Сан Франциско.

Група за заштита на правата на работниците во Калифорнија смета дека на Маск не му е  важна сигурноста на работниците и дека тоа добро го документирал.

Стивен Најт, извршен директор на Worksafe во мејл за агенцијата Reuters вели дека „негрижата на Tesla околу безбедноста на работниците е добро документирана, што вклучува и исмејување на заводот за јавно здравство на почетокот на пандемијата“.

Маск во мај, 2020 година повторно ја отвори фабриката во Фремонт, Калифорнија прекршувајќи ги мерките за спречување на ширење на коронавирусот. Компанијата регистрира 440 случаи на зараза во фабриката од мај до декември, 2020 година.

Маск тврдеше дека „паниката околу коронавирусот е глупава“, дека децата „се имуни“ на корона. Подоцна, двапати се зарази со вирусот SARS-CoV-2. Минатиот месец изјави дека „Американците се обидуваат да го избегнат доаѓањето на работа“.

 

Тагови
реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Read more

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more

Живот

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Read more

Како сами да направите антицелулитно масло?

Read more

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Read more

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Read more
 

Магазин

Ретрограден Плутон ќе ни прави проблеми од 1 мај до 12 октомври

Читај повеќе

Пет знаци дека сте подготвени за нова врска

Читај повеќе

Здрави начини како да го намалите апетитот по природен пат

Читај повеќе

Како сами да направите антицелулитно масло?

Читај повеќе

Поранешен ФБИ агент советува како да ги заштитиме децата од предатори

Читај повеќе

Храна која го чисти црниот дроб и го забрзува согорувањето калории

Читај повеќе

Зошто е опасно за жените да земаат вијагра?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трик за сушење на облеката за 2 минути

Читај повеќе
  • play_arrow

Стегнете се до лето: Брз тренинг за затегнати раце

Читај повеќе