Милијардерот Илон Маск откри дека на неговиот ноќен ормар покрај креветот во спалната соба има два пиштола, па предизвика лавина коментари на социјалните мрежи.
Утринава Маск објави фотографија од неговата спална соба и откри дека на ноќниот ормар има револвер кој изгледа како филмски реквизит и друг пиштол, кој изгледа како да е од 19 век.
Покрај оружјето, се гледа и сликата „Washington Crossing the Delaware“, како и полупразно шише вода и отворени лименки.
„Мојот ноќен ормар“, напиша Маск на објавата. Подоцна се извини зошто под лименките не ставил подметнувачи.
„Сега сите знаат дека треба да си понесат оружје, ако сакат да ти провалат дома“, гласи еден од коментарите.
„Го поддржуваш оружјето? Мислев дека си хуманист и човек за мир“, гласи друг твит.