Масовна акција за чистење, собрани над 100 вреќи со отпадоци од пластика и алуминиум

Повеќе од 130 љубители на природата од селата Бразда до Бродец, ученици од селата Сандево, Кучевиште, Побожје, како и активисти од Скопје, учествуваа во масовна акција на чистење. Собраа над 100 вреќи со разни отпадоци од пластика и алуминиум, а општинското комунално претпријатие потоа, со вонредна акција го собра отпадот.

Иницијаторот на акцијата, Мери Пејоска, со свои средства обезбеди и донираше кеси, ракавици, колички и фаќалки за смет, додека друг донатор обезбеди сендвичи за вредните ученици.

Акцијата траеше неколку часа.

– Акцијата беше исклучително успешна во својот обем и испрати порака. На следната акција очекуваме да ни се придружат и локални жители во уште поголем број. Честитки за децата и нивниот благороден подвиг, треба да бидат горди на себе, зашто главната поента беше токму подигање на свеста за зачувување на околината кај најмладите. Наредните денови ќе поделиме признанија за учениците и нивните училишта. Новото раководство на општината исто така ја подржа акцијата и се надевам дека во идните акции ќе помогнат повеќе. Покрај ваков одѕив и упорност за истрајност во намерата, силно се надевам и верувам во скоро прогласување на Скопска Црна Гора за чиста планина, уште повеќе дека ќе дадеме позитивен пример за повеќе слични граѓански иницијативи наместо безкорисни критики или незаинтересираност, изјави Пејоска.

реклама

10 август е краен рок: Дали ги заштитивте вашите фотографии на Google Photos?

Read more

Британскиот премиер доби интересен предлог: Европска конфедерација што би ја вклучила и Македонија

Read more

Венера затвора тешко поглавје за 3 хороскопски знаци на 10 август

Read more

Ќе почне ли распаѓањето на Канада? Сепаратистите во Алберта во октомври ќе одржат референдум

Read more

Македонија

Утре сончево и многу топло, температури до 40°C

Read more

Нови цени на горивата од полноќ: Бензинот поевтин за 4, дизелот за 8 денари

Read more

Нова дигитална алатка Пратеници.мк ги доближува отворените податоци на Собранието до граѓаните

Read more

ИЈЗ со препораки за лицата над 65 години: Избегнувајте да излегувате од 11 до 17 часот, не вклучувајте шпорет од 13 до 17

Read more

Вести

  • play_arrow

Разорен земјотрес ја погоди Колумбија, најмалку 49 загинати

Читај повеќе

Утре сончево и многу топло, температури до 40°C

Читај повеќе

Јахтата на Закерберг не одговори на повик за помош во Алјаска

Читај повеќе
  • filter

ЕУ бара од 5 карипски земји да ги укинат познатите златни пасоши: За што служат и како се добиваат?

Читај повеќе

230 луѓе во еден чамец го преминаа Ламанш 

Читај повеќе

Во Идризово стигнале 32 пакувања марихуана, во пратка за затвореник

Читај повеќе

Перу руши рекорди: Бум во извозот на злато и бакар

Читај повеќе

Џез-вечери од 13 до 16 август на Охридско лето

Читај повеќе

Две малолетнички избодеа со нож 18-годишна девојка во центарот на Белград

Читај повеќе