Масовната миграција на животните прикажана низ виртуелен глобус
Оваа анимација го прикажува глобалното движење на животните, а е направена со помош на GPS и сателити.
Во проектот учествувале 11.000 истражувачи од целиот свет, а прикажана е миграцијата на околу 150 видови. На виртуелниот глобус може да се види миграцијата на животни од Африка во Турција, потоа доаѓаат до Европа или патуваат од Канада до Америка.