Напаѓачот на ПСЖ Килијан Мбапе е добитник на наградата „Златно момче“ наменета за најдобриот млад фудбалер во Европа во традиционалниот избор на италијанскиот магазин Tutosport.
Мбапе очекувано победи во анкетите на познатите медиуми ширум Европа, бидејќи зад себе остави фантастична сезона во Монако, каде даде голем придонес во освојувањето на титулата во Франција и полуфиналето од Лигата на шампионите, а потоа си обезбеди и астрономски трансфер од 180 милиони евра во ПСЖ.
Овој 18 – годишен фудбалер е победник на 15 издание на наградата „Златно момче“ во конкуренција со Осман Дембеле, Габриел Хесус, Маркус Рашфорд, Џианлуиџи Донарума и други фудбалери.
Споменатото признание го добиваа и некои од најголемите ѕвезди на светскиот фудбал како Вејн Руни, Лионел Меси, Цеск Фабрегас, Серхио Агуеро, Марио Геце, Пол Погба и други.