КУП НА ФРАНЦИЈА

Мбапе на штаки го засени триумфот на ПСЖ

Бразилската sвезда Нејмар го постигна единствениот гол во финалето на Купот на Франција, во кој Пари Сен Жермен победи против Сент-Етјен со 1:0.

Напаѓачот постигна гол во 14. минута и им помогна на Парижаните да направат дабл на домашната сцена, но нивните амбиции не запираат тука, затоа што за една недела доаѓа финалето на Лига купот против Лион, а екипата на Томас Тухел е и во 1/4-финалето на ЛШ.

После 4 месеци пауза, ПСЖ не го покажа максимумот на своите можности, а Сент-Етјен сериозно го попречуваше гигантот од главниот град, иако играше со човек помалку скоро еден час заради црвениот картон на Лоик Перан.

Искусниот дефанзивец го повреди Килјан Мбапе и заслужено доби исклучување, а Мбапе останува во прашање за првиот меч со Аталанта на 12 август.

URL

Ова беше 103. издание на натпреварувањето, а ПСЖ го крена трофејот за рекорден 13-ти пат. Сент-Етјен остана со 6 трофеи, од кои последниот датира од 1977 година.

Претходниот настап на „Зелените“ во финалето беше во 1982 година, кога повторно загубија од ПСЖ.

URL

Радоста на ПСЖ сепак беше значително загасена од сознанието за повредата на Мбапе и сликата од младиот напаѓач на штаки фрли сенка на триумфот.

Мбапе разговараше за повредата со Макрон

Денеска се очекува да се знае повеќе за сериозноста на повредата на Мбапе по грубиот старт врз него од страна на Лоик Перан.

Иако Мбапе изгледаше прилично вознемирен кога го напушти теренот, тој подоцна се врати на штаки и го догледа натпреварот.

За време на церемонијата на доделување на наградите, светскиот шампион размени неколку зборови со францускиот претседател Емануел Макрон, кој го праша за сериозноста на неговата повреда.

Еве како помина дијалогот меѓу двајцата:

Макрон: „Како е“?

Мбапе: „Почувствував мало пукање и боли малку“

Макрон: „Мислиш има скршеница?“

Мбапе: „Не, мислам дека нема“

Макрон: „Ќе одиш во болница?“

Мбапе: „Да, заминувам веднаш по доделувањето на наградите“

Првично, капитенот на Сент-Етјен, Перан доби само жолт картон за повредата, но откако судијата Амаури Делеру ја разгледа ситуацијата со ВАР, го избрка. За 34-годишниот Перан ова беше последниот натпревар во професионалната кариера, па уште понеразбирливо е зошто се одлучи за ваков груб старт врз младиот Мбапе.

реклама

Чест симптом за рак на дебелото црево се забележува при вршењето нужда

Read more

Голем хороскоп за МАЈ 2024: Еден знак остварува долгогодишен сон

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Знаци кои покажуваат дека страдате од недостаток на калциум

Read more

Фудбал

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Read more

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Read more

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Read more

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Read more
 

Спорт

Намалена казната на „комарџијата“ Тонали, познато е кога се враќа на терен

Читај повеќе
  • filter

Албанката Ева Мурати ја сметаат за најубава водителка на Лигата на шампионите

Читај повеќе

Ибра: Тешко беше да престанам да играм поради егото, не можев да ја одбијам понудата на Милан

Читај повеќе
  • play_arrow

Ферари во Мајами ќе вози во светлосина боја

Читај повеќе

Како Реал успеа да изнервира играч со кој освои 24 трофеи?

Читај повеќе

Струга пред разрешницата на сезоната се раздели со тренерот Дуро

Читај повеќе
  • play_arrow

Приказна за херојот што го сруши ПСЖ: Прекарот го добил поради забите

Читај повеќе
  • play_arrow

ФК Шкупи: Секоја недела некој ни ги краде бодовите

Читај повеќе

Подолговечен од Фергусон: Ист тренер ја води Виртус Верона 42 години

Читај повеќе