Меч на индиски владетел се продаде за над 17 милиони долари

Мечот на Типу Султан, крал од XVIII век познат по улогата на командант во војните во Јужна Индија, е продаден на аукција одржана во Лондон за 17,4 милиони долари.

Мечот беше продаден во вторникот, а продажната цена беше седум пати повисока од проценетата. Ова го собори рекордот за предмет од индиската и исламската култура некогаш продаден на аукција, објави аукциската куќа Bonhams.

„Мечот има извонредна историја, неверојатно потекло и неспоредлива изработка. Не беше изненадување што двајца купувачи се бореа за него. Ние сме воодушевени од резултатот на аукцијата“, рече Нима Сагарчи, шеф на исламската и индиската уметност во Bonhams.

Типу владеел со кралството Мајсор во Јужна Индија помеѓу 1782 и 1799 година, со што го добил прекарот Тигарот од Мајсор за неговата жестока одбрана на неговото кралство.

Тој бил пионер во употребата на ракетна артилерија во војувањето и го трансформирал Мајсор во најдинамична економија во Индија. Бил убиен од британските сили на 4 мај 1799 година кога го нападнале неговиот кралски град Серингапатам, сега познат како Срирангапатна.

По смртта на Типу, неговиот меч, кој бил пронајден во приватните одаи на неговата палата, му бил предаден на британскиот генерал-мајор Дејвид Берд за неговата храброст.

Типу спиел во мрежа обесена на таванот на неговата спална соба, со мечот секогаш покрај него. Рачката на мечот е украсена со златна калиграфија, додека сечилото го носи персискиот натпис „владетелски меч“.

реклама

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Read more

По три месеци - ниту трага, ниту глас од внукот на Љубе Бошкоски

Read more

Живот

Како правилно се чистат екраните?

Read more

Неделен хороскоп од 29 мај до 4 јуни: Што ви предвидуваат ѕвездите?

Read more

Татковците се помалку под стрес од мајките

Read more

Болоња: Потценет туристички рај во кој ќе уживаат гастрономите

Read more
 

Магазин

  • play_arrow

Работи што е тешко да ги правиш додека трчаш

Читај повеќе

Како правилно се чистат екраните?

Читај повеќе
  • play_arrow

Трикови за шминкање со Дејвид Бекам

Читај повеќе

Кои се најчести знаци на зголемена простата?

Читај повеќе
  • play_arrow

Направете брз тест со ладна вода и дознајте дали имате здраво срце

Читај повеќе

Сирена – секс поза што прави чуда за мажите со мал пенис

Читај повеќе

TikTok трик за гламурозна фризура без фенирање

Читај повеќе

Зошто годинава симптомите на алергија се полоши од вообичаено?

Читај повеќе

Дебелите момчиња често стануваат неплодни мажи, открива нова студија

Читај повеќе